| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Аргентина со пресврт до победа против Англија и финале на Мундијалот
По првото полувреме, кое помина без удар на гол од двете репрезентации, во продолжението поведе Англија со голот на Гордон, но се повлече, па прво Фернандез со извонреден гол израмни, а победата ја донесе Лаутаро Мартинез
Аргентина со пресврт до победа против Англија и финале на Мундијалот
Најдобриот аргентински фудбалер, Лео Меси не даде гол, но имаше две асистенции

Светскиот шампион Аргентина ја победи Англија во полуфиналето на Светското првенство со резултат од 2:1 и со тоа се пласираше во финалето на Мундијалот вторпат по ред.

„Гордиот Албион“ последен пат играше во финалето на Светското првенство во 1966 година, кога прв и последен пат го освоија пехарот, и повторно не успеа да дојде до мечот за светската круна.

Од самиот почеток беше јасно дека нè очекува исклучително тежок и борбен натпревар. Веќе во третата минута прва искра на средината на теренот откако Леандро Паредес го турна Џуд Белингам. Во продолжението уште многу кошкања, а на одмор се замина без голови и шут кон голот на едната или другата екипа.

Второто полувреме започна без никакви промени, а Аргентина веднаш ја презеде иницијативата и пропушти две огромни можности веќе во 47. минута. Во 55. минута од натпреварот, Англија поведе. Морган Роџерс брилијантно центрираше од десно, а Ентони Гордон се снајде брилијантно пред голот на Мартинез и ѝ донесе водство на Англија.

Се играше во 69. минута кога Аргентинците ја имаа најдобрата шанса на натпреварот. Меси центрираше, а ударот со глава на Гонзалез беше запрен од Пикфорд за да го спаси Горди Албион.

Шест минути подоцна, „Гаучосите“ имаа нова шанса за гол. Де Пол центрираше, а Мек Алистер имаше одличен удар со глава, но неговиот обид беше запрен од стативата, а во следниот напад истиот играч шутираше директно кон голманот на Англија.

Нова шанса за јужноамериканската селекција имаше во 85. минута кога Енцо Фернандез се обиде со удар од далечина, а Пикфорд брилијантно го сопре.

Но во следниот обид, Меси брилијантно го проигра Енцо, кој од далечина испрати бомба за 1:1.

Втората минута од судиското продолжение беше пресудна. Алексис Мек Алистер одлично шутираше, но неговиот удар ја погоди стативата на Пикфорд, а веќе во следната акција „Гаучосите“ целосно направија пресврт.

Меси повторно направи одличен центаршут, овој пат со десната нога, а Лаутаро Мартинез мирно постигна гол со глава за финале.

До крајот на натпреварот Англичаните не дојдоа во шанса за гол.

Аргентина во одбрана на светската круна и во финалето ќе се соочи со Шпанија.

Повеќе
Иран порача дека нема да дозволи САД да го одредат времето на војна и мир
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ