| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, оцени дека договорот претставува значаен чекор напред во олеснувањето на протокот на луѓе и стоки меѓу двете земји и поефикасен систем на контролa на границата
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Договорот се надоврзува на неодамна усвоениот Закон за странци во Хрватска, со кој се олесни издавањето долгорочни визи за државјаните на БиХ / AA

Претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска во Сараево го потпишаа Договорот меѓу двете држави за граничните премини, со кој, како што беше истакнато, се зајакнува билатералната соработка и се создаваат услови за полесно преминување на заедничката државна граница и поефикасен систем на нејзина контрола.

Кришто појасни дека според претходниот договор од 2013 година, само два премини имаа статус на гранична инспекциска станица (БИП), додека со новиот договор тој статус е проширен на пет премини: Свилај, Изачиќ, Каменско, Бијача и Градишка.

Таа додаде дека со новиот договор се дефинирани и премините за меѓународен патен и железнички сообраќај, како и премините наменети исклучиво за жителите на пограничните области, и нагласи дека сите гранични премини се поместени во повисока категорија.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, оцени дека договорот претставува значаен чекор напред во олеснувањето на протокот на луѓе и стоки меѓу двете земји, особено поради прекатегоризацијата на премините. Тој истакна дека станува збор за сеопфатен аранжман кој се надоврзува на неодамна усвоениот Закон за странци во Хрватска, со кој се олесни издавањето долгорочни визи за државјаните на БиХ.

Пленковиќ изрази очекување дека новиот систем ќе придонесе за натамошен раст на економската размена, која во 2025 година достигна рекордни четири милијарди евра.

Како што беше соопштено претходно од Советот на министри на БиХ, целта на договорот е унапредување на билатералната соработка, полесно преминување на границата и поефикасен систем на контрола.

Меѓутоа, Управата за индиректно оданочување на БиХ (УИО) предупреди дека потпишувањето и примената на договорот во овој момент би можеле да предизвикаат проблеми во функционирањето на граничната инфраструктура, особено во Градишка. Според нивните наводи, Градишка би можела да остане без соодветен статус на граничен премин, додека северот на земјата би можел да остане без премин за транспорт на стоки кои бараат фитосанитарни и други инспекциски контроли.

Од УИО појаснуваат дека причина за нивното предупредување е фактот што Управниот одбор на институцијата сè уште го нема усвоено правилникот за внатрешна организација на новиот граничен премин во Градишка, што, како што наведуваат, е неопходен предуслов за целосна примена на договорот.

Според нивниот став, без воспоставување на нова организациска единица на таа локација, примената на договорот би можела да има директни последици по граѓаните, превозниците и стопанството.

Повеќе
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец