| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за пет денари по литар
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27 отсто.
Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за пет денари по литар
Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за пет денари по литар / Reuters

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 14,5 денари, а цената на бензините се зголемува за пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) се зголемува за 12,5 денари за литар и ќе изнесува 82,5 денари. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари за килограм и ќе биде 42,586 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 13,384 отсто, кај дизелот за 36,134, кај екстра лесното масло за 32,102 и кај мазутот за 27,87 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9444 отсто.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Зеленски: Украина ќе почне да извезува вишок оружје
Сенатот го блокираше обидот за спречување на евентуална воена акција на Трамп против Куба
Ултраортодоксни демонстранти упаднаа во домот на началникот на воената полиција во јужен Израел
Еден Палестинец убиен во израелска воена рација на Западниот Брег
Израел уби осум лица во јужен Либан, меѓу нив и болничари
Косово пред нови парламентарни избори откако не се избра претседател на државата
Трамп наложил продолжување на поморската блокада на Иран
Курти: НАТО е стратешка ориентација за Косово
Трамп: Американците немаат поблиски пријатели од Британците
Хакан Фидан на самитот на Иницијативата за три мориња во Дубровник
Обединетите Арапски Емирати ги напуштија ОПЕК и ОПЕК+
Карис: Европа мора да биде подготвена за сѐ во украинската војна
Туркије ќе го извезува домашниот авион за обука „Хурџет“ во Шпанија
Хрватска и БиХ потпишаа договор за гасоводот Јужна интерконекција
Дали Израел го реплицира моделот на Газа во Либан со својата тампон-зона „Жолта линија“?