Која земја од регионот има најмногу граѓани со сопствен дом?
РЕГИОН
2 мин читање
Која земја од регионот има најмногу граѓани со сопствен дом?Речиси 87 проценти од македонските граѓани живеат во свој дом, а 12,9 проценти под кирија, покажуваат податоците на Евростат.
Која земја од регионот има најмногу граѓани со сопствен дом? / TRT Balkan

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата во Европската Унија поседуваат сопствен дом, додека 32 проценти кои живеат во изнајмени станови. Речиси 87 проценти од македонските граѓани живеат во свој дом, а 12,9 проценти под кирија, покажуваат податоците на Евростат.

Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година повеќе од две третини, односно 68 проценти од населението што живее во домаќинствата во Европската Унија, поседувало сопствен дом. Ова претставува благ пад во однос на 2023 година, кога сопствен дом имале 69 проценти од населението.

Преостанатите 32 проценти живееле во изнајмени станови, што е зголемување во однос на 31 процент една година претходно.

Највисок удел на сопственост на домови на ниво на Европската Унија е забележан во Романија со 94 проценти, по што следуваат Словачка со 93 проценти и Унгарија со 92 проценти.

Поседувањето сопствен дом е почесто во сите земји членки на ЕУ, освен во Германија, каде што преовладува изнајмувањето – 53 проценти од населението живее под кирија. По Германија следуваат Австрија со 46 проценти и Данска со 39 проценти закупци.

За Северна Македонија и за земјите од регионот, последните достапни податоци на Евростат се од 2023 година. Тие покажуваат дека најголем дел од населението живее во сопствен дом: во Албанија 95,5 проценти, во Хрватска 91,2 проценти, во Србија 89,9 проценти, во Северна Македонија 87,1 процент, во Бугарија 86,1 процент и во Грција 69,6 проценти.

Под кирија, во 2023 година, најголем дел од населението во регионот живеел во Грција со 30,4 проценти, потоа следуваат Бугарија со 13,9 проценти, Северна Македонија со 12,9 проценти, Србија со 10,1 процент, Хрватска со 8,8 проценти и Албанија со 4,5 проценти.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Зеленски: Ќе разговараме со САД дали предлогот за примирје на Русија е вистински
Командантот на КФОР вели дека Туркије е меѓу главните придонесувачи во мисијата на НАТО на Косово
Трамп повторно го притиска претседателот на Израел да го помилува Нетанјаху
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Фидан: Во ЕУ нема политичка волја за членството на Туркије
ЦЕНТКОМ ќе го информира Трамп за нови воени опции во Иран
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Трамп: Повлекувањето на ОАЕ од ОПЕК ќе ја намали цената на нафтата
Средба Фон дер Лајен – Маѓар во Брисел: Унгарија наскоро ќе добие средства од ЕУ
Путин предложил прекин на огнот во Украина на 9 мај, а Трамп ја прифатил идејата
Зеленски објави санкции за руски функционери и бродови кои се користат за извоз на руски енергенси
Мерц: Слободниот транзит по глобалните морски линии е клучен за економски успех
Ердоган повика на единство и братство во услови на регионалните предизвици