| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Сите осомничени за бомбашките напади во Рејханли во 2013 година сега се во притвор
Терористот Михарач Урал е најновиот осомничен фатен во близина на сириската граница додека се обидувал да побегне во странство
Сите осомничени за бомбашките напади во Рејханли во 2013 година сега се во притвор
На 11 мај 2013 година, во два одделни бомбашки напади во округот Рејханли, во јужната провинција Хатај, загинаа 53 лица

Сите осомничени за бомбашките напади од 2013 година во Рејханли, округ во турската провинција Хатај, се уапсени во операции координирани од Националната разузнавачка организација (МИТ).

Процесот на апсење на одговорните за нападите започна со фаќањето на терористот Јусуф Назик во 2018 година. Продолжи со апсењата на Мухамед Диб Корали и Темир Дуканџи во 2025 година, по што следеше и апсењето на Омар ал-Хатиб во 2026 година.

Надлежните органи ги доведоа сите четворица во Туркије преку различни операции.

Според безбедносни извори, неодамна, во операција спроведена од МИТ и сириската Генерална разузнавачка служба, во близина на сириската граница е фатен терористот Михарач Урал- кој се наоѓал во „црвената категорија“ на турската листа на барани терористи- додека се обидувал да побегне во странство.

Детали за апсењата

Јусуф Назик, еден од организаторите на нападите во Рејханли, беше фатен во операција на МИТ во Латакија, Сирија, на 12 септември 2018 година, по што беше донесен во Туркије.

Околу шест години по фаќањето на Назик, во операција на МИТ беше уапсен и Мухамед Диб Корали, кој бил еден од планерите на нападите.

Корали, за кого се наведува дека бил вклучен во набавката на бомбите, беше донесен во Туркије по операција спроведена во Сирија на 14 јануари 2025 година.

Темир Дуканџи, кој се наоѓаше во „портокаловата категорија“ на турската листа на барани терористи, беше фатен во операција долж границата меѓу Сирија и Либан.

Омар ал-Хатиб беше последната цел во операциите насочени против одговорните за нападите.

Ал-Хатиб, кој се бараше врз основа на „црвена потерница“, беше фатен од МИТ на 1 октомври, додека се обидувал да побегне во Европа по морски пат.

На 11 мај 2013 година, во два одделни бомбашки напади во округот Рејханли, во јужната провинција Хатај, загинаа 53 лица, а голем број цивили беа ранети.

Повеќе
Кинески шеф на дипломатијата првпат во Хрватска по 33 години
Куртулмуш: Mеѓународната заедница да дејствува против израелските прекршувања на меѓународнoто право
ОН предупредуваат на висок ризик од повторна војна во Газа и ескалација на окупираниот Западен Брег
Недостигот на одбранбени проектили на САД може да трае до 2030 г., предупредил разрешениот генерал
Руски напади со дронови оставија 370.000 луѓе без струја во украинскиот регион Волин
Сите осомничени за бомбашките напади во Рејханли во 2013 година сега се во притвор
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
Фон дер Лајен: Русија не го испочитува енергетскиот прекин на огнот, потребен е поголем притисок
Белгија годинава ќе ѝ испорача 10 борбени авиони Ф-16 на Украина
Фидан: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се градат врз непоколебливо пријателство и братство
Бразил воведува пократка работна недела од 44 на 40 часови без намалување на платите
Пентагон ќе објави извештај за нападот врз училиштето во Иран по среднорочните избори
Путин: Русија одговара на украинските напади врз енергетски објекти
Израелски окупатори нападнаа берачи на маслинки и запалија три возила на Западниот Брег
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки