Амамите во Старата скопска чаршија: соживот и мултиетничка хармонија
КУЛТУРА
3 мин читање
Амамите во Старата скопска чаршија: соживот и мултиетничка хармонијаСтарата скопска чаршија е како музеј под отворено небо — тивок чувар на повеќевековни приказни, мириси и култури
Амамите во Старата скопска чаршија: соживот и мултиетничка хармонија / Others
12 јуни 2025

Меѓу калдрмите и тезгите, скриени зад фасади што го преживеале времето, лежат два функионални објекти, кои биле турски амами — бањи што не само што биле дел од секојдневната хигиена, туку и центри на социјален живот, традиција и уметност. Додека пак, останатите два делумно постојат, но не се функционални.

Чифте амам – Тајните под куполите

Највпечатлив меѓу нив е Чифте амам, изграден во средината на 15 век од Иса-бег Исаковиќ. Неговото име значи „двоен амам“, што се однесува на одвоените простории за мажи и жени. Архитектонски, тоа е вистинско ремек-дело – со две куполи, хармонично организирани простории и камени sидови што резонираат со шепоти од минатото. Чифте амам бил повеќе од место за капење — тука трговците тајно преговарале, додека пареата се издигала над камените ѕидови, сведок на деловни договори и градски муабети. Денес, овој амам е претворен во уметничка галерија и е дел од македонската Национална галерија.

Даут-пашин амам – Бањата што никогаш не проработела

Не помалку фасцинантен е Даут-пашиниот амам, изграден со слична амбиција — како јавна бања за градот. Но, и покрај неговата грандиозна структура, тој никогаш не пречекал ниту еден гостин. Легендите се различни: некои обвинуваат недостиг на огревно дрво, други раскажуваат за трагична смрт — наводно, ќерката на пашата била касната од змија во текот на изградбата, по што проектот бил напуштен. Денес, ова здание, исто така дел од Националната галерија, стои како симбол на нереализирана намера, но и архитектонско наследство со мистична аура.

Ѓулчилер амам и Старо-новата бања – Исчезнатата сензуалност

Останатите два амами се сведени на тивки остатоци. Ѓулчилер амам, изграден во 16 век, бил омилен меѓу скопјани поради своите ароматични третмани со мирис на рози. Се наоѓал во близина на Куршумли ан и претставувал дел од поширока архитектонска целина, која денес е распадната. Мирисот на рози одамна е избришан, но остатоците на ѕидовите сè уште шепотат за едно поетично минато.

Слична судбина ја доживеала и т.н. Старо-нова бања, објект што низ вековите се трансформирал, обновувал и конечно исчезнал од јавниот простор, оставајќи само делумни остатоци зад себе.

Четири амами, четири времиња, една историја
Овие архитектонски бисери не се само споменици на османлиската архитектура. Тие се жива хроника на мултикултурното битие на Скопје. Тука, каде што некогаш се разменувале тајни, се капело со розова пареа и се чувале семејни легенди, денес стојат галерии, тивки темели и рушевини. И сите заедно — потсетник дека културната разноликост и историјата треба да се негуваат, не само како објекти, туку како дух.


Повеќе
ТМВ го одбележа Денот на прифаќањето на турската национална химна
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили
Македонската гајда и турскиот тулум ќе се претстават во Истанбул
Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката
Турската општина Арнавуткој организираше ифтарска програма во Долнени
Ткаенината на еден народ: Македонската традиција од етнолошка перспектива
Почина актерот Роберт Дувал, добитник на Оскар и две награди Еми
Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
Јубилејното 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп
Вашингтон пост, во сопственост на Џеф Безос, отпушта од работа над 300 новинари
Бројни критики и реакции против произраелски документарец во Косово
Филмот „Грешници“ доби рекордни 16 номинации за Оскар
„Као какао“ - прв македонски мјузикл на музика на Влатко Стефановски, премиерата во мај
Со традиционално дефиле на маски и костуми започна Вевчанскиот карневал
Филмовите „Една битка по друга“ и „Хамнет“ добитници на главните награди Златен глобус
Студија: Музичарите од Балканот систематски маргинализирани од ЕУ
Низ просториите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Денот на наставата на турски јазик одбележан во Кичево
Турската заедница го одбележа Денот на наставата на турски јазик
Наставниците по турски јазик го пренесуваат својот мајчин јазик од генерација на генерација