ПОЛИТИКА
2 мин читање
ЕУ со нова стратегија ќе се бори против омразата кон ЛГБТ заедницата
Национални стратегии за рамноправност на ЛГБТК+ лицата имаат 14 од 27. членки на ЕУ, додека Белгија, Администрацијата на кипарските Грци, Франција, Германија, Грција, Малта, Португалија и Шпанија, веќе ја забранија конверзионата терапија
ЕУ со нова стратегија ќе се бори против омразата кон ЛГБТ заедницата
Новата стратегија на EK, иако не е правно обврзувачка, се фокусира на борбата против говорот на омраза и сајбер-насилството врз ЛГБТК+ лицата
8 октомври 2025

Европската Унија објави нова стратегија насочена кон забрана на таканаречената конверзиона терапија и сузбивање на омразата кон ЛГБТИК+ луѓето, во светлината на сè почестите напади врз членовите на таа заедница.

Според податоците презентирани денес од Европската комисија, околу една четвртина од членовите на ЛГБТИК+ заедницата во ЕУ, вклучувајќи речиси половина од трансродовите лица, биле изложени на некаков вид конверзиона терапија, вклучувајќи физичко и сексуално насилство, вербални напади и понижување, објави бриселскиот „Политико“.

„Овие податоци се шокантни и оваа практика мора да престане“, изјави европскиот комесар за еднаквост, Хаџа Лабиб, на прес-конференција во Брисел, презентирајќи ја новата ЛГБТИК+ стратегија за периодот од 2026 до 2030 година.

Лабиб предупреди дека ЕУ бележи загрижувачки пораст на омразата и дискриминацијата кон ЛГБТИК+ луѓето, велејќи дека „изгледа како да се враќаме наназад“.

Моментално, 14 од 27-те земји-членки на ЕУ имаат национални стратегии за рамноправност на ЛГБТК+ лицата, додека осум земји, Белгија, Администрацијата на кипарските Грци, Франција, Германија, Грција, Малта, Португалија и Шпанија, веќе ја забранија конверзионата терапија.

Новата стратегија на Комисијата, иако не е правно обврзувачка, се фокусира на борбата против говорот на омраза и сајбер-насилството врз ЛГБТК+ лицата, и онлајн и офлајн.

Комисијата, исто така, разгледува усвојување на закон што би ги хармонизирал дефинициите за говор на омраза на ниво на ЕУ.

Во исто време, неколку европски земји спроведуваат мерки што критичарите ги сметаат за насочени против ЛГБТК+ заедницата.

„Комисијата нема да се двоуми да преземе дополнителни чекори, вклучително и покренување тужби, со цел да ги заштити основните права на граѓаните“, нагласи Лахиб, додавајќи дека во моментов се во тек 10 постапки против Унгарија за кршење на основните права на ЕУ.

Поради овие прекршувања, Европската комисија веќе замрзна 18 милијарди евра средства наменети за Унгарија.

„Не сакаме да ги казнуваме граѓаните за постапките на нивните влади“, рече Лахбиб и најави дека во рамките на следниот повеќегодишен буџет на ЕУ, таа ќе предложи замрзнатите средства да бидат насочени директно кон организациите на граѓанското општество кои се борат за човекови права.

Повеќе
Антифашистички протест во Вашингтон на годишнината од изборот на Трамп
Руте: НАТО повеќе не заостанува зад Русија во производството на муниција
Трамп може воено да интервенира во Нигерија ако продолжи насилството врз христијаните
Муцунски: Надворешната политика е највисоко оцената и покрај геополитичките предизвици
Голем тест за моќта на Трамп: Врховниот суд ја разгледува легалноста на царините
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
Русија: Не се исполнети условите за средба меѓу Путин и Трамп
Кина укина некои од царините за увозот од САД
Муслиманите во Њујорк ја слават победата на Мамдани
Зохран Мамдани ветува дека ќе испорача успех за Њујорк и ќе биде модел за победа над Трамп
Извештај за проширување: Европската комисија ја пофали Украина, но предупредува на корупција
Германскиот канцелар Мерц го покани сирискиот претседател ал-Шара во Берлин на разговори
Мамдани води на гласачкото ливче каде жителите на Њујорк го избираат следниот градоначалник
Кина ја повикува Германија да се воздржи од „мегафонска дипломатија“
Финскиот претседател предупредува на „нова нуклеарна ера“ поради зголемените безбедносни закани
Зеленски: Не сум видел никаков европски план за завршување на војната
Калас: Нема потреба за меѓународни интервенции во БиХ
Трамп ја исклучува можноста за трет мандат
Трамп: Деновите на венецуелскиот претседател се одбројани
Новата јапонска премиерка побара самит со северокорејскиот лидер Ким