| Macedonian
Ракетата Њу Глен на Блу Ориџин лансираше сателити на НАСА кон Марс
Првото успешното слетување на море на првиот степен на двостепената гигантска ракета на милијардерот Џеф Безос претставува клучна пресвртница за Блу Ориџин во нејзиниот обид порамноправно да се натпреварува со СпејсХ на Елон Маск
Ракетата Њу Глен на Блу Ориџин лансираше сателити на НАСА кон Марс
Вселенското летало ЕскаПАДЕ на НАСА стана првиот научен товар што Блу Ориџин го достави во вселената за НАСА или за кој било друг клиент / Reuters
14 ноември 2025

Гигантската ракета Њу Глен, на компанијата Блу Ориџин на милијардерот Џеф Безос, беше лансирана во четврток од Флорида на својата дебитантска комерцијална мисија, испраќајќи два сателити на НАСА кон Марс и за прв пат успешно приземјувајќи го првиот степен на ракетата за повеќекратна употреба.

Првиот лет на моќната двостепена ракета од нејзиното пробно лансирање во јануари и успешното слетување на првиот степен на море претставуваат клучни пресвртници за Блу Ориџин во нејзиниот обид порамноправно да се натпреварува со СпејсХ на Елон Маск, водечката светска компанија за лансирање ракети.

Веб-пренос во живо од Блу Ориџин ја покажа ракетата како се издига од лансирната кула низ ведро попладневно небо во грмотевици од пламен и облаци од пареа.

Лансирањето следеше по неколкудневно доцнење поради облачно небо и геомагнетна бура. Околу 10 минути по лансирањето, 17-катната ракета Њу Глен од првиот степен повторно влезе во атмосферата, слетувајќи на морска платформа, именувана како Џеклин во чест на мајката на Безос, која плуташе во Атлантикот, постигнувајќи голем подвиг за Блу Ориџин во областа на повторната употреба, воведена од СпејсХ.

Првиот обид за такво слетување во јануари не успеа.

Околу 20 минути подоцна, контролата на мисијата потврди дека горниот степен на Њу Глен ја исполнил својата примарна мисија - испраќање на вселенскиот брод ЕскаПАДЕ во вселената за да се впушти во 22-месечно патување до Марс.

Со лансирањето во четврток, вселенскиот брод ЕскаПАДЕ на НАСА стана првиот научен товар што Блу Ориџин го достави во вселената за НАСА или за кој било друг клиент.

„Денес постигнавме целосен успех во мисијата и многу сум горд на тимот, рече Дејв Лимп“, извршен директор на Блу Ориџин.

Маск го призна достигнувањето на Блу Ориџин, објавувајќи честитка на својата платформа на социјалните медиуми X: Честитки @JeffBezos и тимот @BlueOrigin!

Двојните стаелити, наречени Блу и Голд, исто така лансирани од Њу Глен треба да пристигнат на Марс во 2027 година и да влезат во синхронизирани елиптични орбити за 11-месечно проучување на вселенската временска средина на планетата.

Инструментите на сателитите ќе анализираат како сончевиот ветер - флуктуирачки поток од високоенергетски наелектризирани честички од Сонцето - комуницира со релативно слабото магнетно поле на Марс и како таа интеракција придонела за осиромашување на тенката атмосфера на Марс.

Наодите ќе помогнат да се објасни зошто Марс, некогаш потопол и повлажен, станал пустинска планета и како сончевото зрачење влијае на површината на Црвената планета.

ЕскаПАДЕ, кратенка за Eскејп и Плазма Акцелерација и Динамични Истражувања (ЕscaPADE-Еscape и Plasma Acceleration and Dynamics Explorers), првично беше закажано да се лансира во октомври 2024 година, но мисијата беше одложена поради доцнења во развојот на ракетата Њу Глен.

Блу Ориџин, основана од Безос во 2000 година, до неодамна беше позната главно по својот бизнис за вселенски туризам, кој транспортира богати патници до работ на вселената во својата суборбитална ракета Њу Шепард. Едностепеното вселенско летало за повеќекратна употреба, исто така, носеше повеќе од 200 научни експерименти во својата капсула.

Блу Ориџин потроши милијарди долари за развој на Њу Глен, ракета од тешка класа дизајнирана да стане главно лансирно возило на компанијата за превоз на луѓе и товар во орбитата.

Именувана по Џон Глен, првиот Американец што летал во орбитата околу Земјата, вселенското летало произведува двојно поголем погон за лансирање од ракетата Фалкон 9 на СпејсХ и приближно исто колку и Фалкон Хеви на СпејсХ, додека нуди повеќе простор за товар од своите конкуренти.

НАСА потроши околу 55 милиони долари за мисијата ЕскаПАДЕ, скромна цена во споредба со другите вселенски програми на агенцијата вредни милијарди долари, и му плати на Блу Ориџин 18 милиони долари за летот Њу Глен, покажаа федералните записи за набавки.

Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина