Зеленски и Макрон потпишаа „историски договор“ за зајакнување на Украина
Елисејската палата објави, неколку минути по потпишувањето на писмото за намери, дека Украина ќе купи до 100 авиони Рафал, опрема за воздушна одбрана и беспилотни летала од Франција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот лидер Емануел Макрон потпишаа писмо за намери во воената база во Вилакублеј, чија содржина засега е непозната, а Зеленски го нарече документот „историски договор“ што ја дефинира долгорочната соработка меѓу двете земји.
„Ова ќе биде најголемиот систем за воздушна одбрана во светот“, изјави Зеленски пред неколку новинари, објави БФMTВ.
Документот беше потпишан на маса поставена на пистата на француската воздухопловна база Вилакублеј, пред авионите и системите за воздушна одбрана.
Елисејската палата објави, неколку минути по потпишувањето на писмото за намери, дека Украина ќе купи до 100 авиони Рафал, опрема за воздушна одбрана и беспилотни летала од Франција.
Ројтерс претходно објави дека Зеленски планира денес да потпише договор со Франција за испорака на системи за воздушна одбрана, воени авиони и ракети.
Се забележува дека преговорите за тоа дали Франција може да ѝ обезбеди на Украина поголема воена поддршка траат веќе неколку недели.
На 24 октомври, по состанокот на „Коалицијата на подготвените“, Макрон објави дека Франција ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителни ловци Мираж и муниција Астер за системите за воздушна одбрана СAMП/T.