| Macedonian
Кучиња-роботи со ВИ го привлекоа вниманието на технолошкиот саем во Дубаи
Роботите веќе се користат во операции, од итни интервенции до помагање на безбедносните сили
Кучиња-роботи со ВИ го привлекоа вниманието на технолошкиот саем во Дубаи
Кучиња-роботи со ВИ го привлекоа вниманието на технолошкиот саем во Дубаи / AA

Кучиња-роботи напојувани со вештачка интелигенција (ВИ) од кинеската компанија DEEP Robotics привлекоа големо внимание на 45-от технолошки саем GITEX Global во Дубаи, издвојувајќи се меѓу другите иновации управувани од вештачката интелигенција.

Максим Хао, регионален менаџер за продажба на компанијата, за „Анадолу“ изјави дека DEEP Robotics ги развил кучињата за да ги замени човечките работници во опасни средини. Роботите веќе се користат во операции, од итни интервенции до помагање на безбедносните сили.

Хао рече дека производите на DEEP Robotics се користат низ цела Северна Америка, Европа и Туркије.

Тој истакна дека роботските кучиња се попрактични и посигурни од хуманоидните роботи, кои честопати служат само за социјални или демонстративни цели.

Тој рече дека хуманоидните роботи најчесто се поздравуваат со други луѓе и се ракуваат, но тие не се вистинска замена за луѓето.

Хао изјави дека роботските кучиња, додека ја користат вештачката интелигенција, автоматски ќе комуницираат со луѓето и околината во која се наоѓаат за да ги одредат своите мапи и рутини за извршување на задачите.

„Ние користиме вештачка интелигенција кај роботските кучиња за контрола на движењето и перцепција - тие можат да детектираат пречки и да ги избегнуваат, но во иднина, тие ќе комуницираат со околината и ќе донесуваат одлуки сами“, рече тој. „Областите за кои ќе се користат роботските кучиња ќе се прошират за да вклучат испорака и маркетинг, бидејќи тие веќе се користат за испораки во Кина.“

Хао рече дека DEEP Robotics ги дизајнира сите основни хардверски и софтверски компоненти внатрешно преку својот тим за истражување и развој, нарекувајќи ја компанијата еден од водечките светски иноватори во роботиката.

45-тото издание на GITEX Global, еден од најголемите светски саеми за технологија и вештачка интелигенција, се одржува оваа недела во Дубаи со учество на околу 6.800 компании од 180 земји. Настанот, кој започна во понеделник, ќе трае до петок.

Повеќе
Центрите за податоци „повеќе не се толку жедни“, велат технолошките гиганти
Аспартамот ризичен или не- контроверзна одлука на ЕФСА
Качир: Туркије ќе прерасне во водечка земја во областа на вештачка интелигенција
Извештај: ОпенАИ размислува за забавување на развојот на напредна вештачка интелигенција
Турската ХАВЕЛСАН и египетската АОИ со договор за продажба на заеднички развиениот дрон ХАМЗА-1
ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за да спречи пораст на инфлацијата
Индија ќе инсистира на систем за плаќање со дигитална валута на самитот на БРИКС
Опен АИ побара задолжителни безбедносни мерки за напредните ВИ системи
Научниците пред голем пробив во потрагата по темната материја
Што открива повлекувањето на Мајкрософт од Кина за поделбата на технолошката економија
Може ли руски Расвет да му конкурира на Старлинк
Како Кина го решава проблемот со инфлуенсерството, индустрија вредна милијарди евра
Бесконечно играње игри:Каде завршува интензивната ангажираност, а каде започнува штетното однесување
Нвидиа ќе ја купи платформата за развивачи на ВИ Хагинг Фејс за речиси 13 милијрди долари
Холандија преместува милијарди долари во злато од САД и Канада во Лондон поради геополитички немири
Се здружуваат 21 глобална финансиска институција за лансирање стабилна криптовалута
Турбулентната ера на ВИ: „Ни треба план да се осигураме доброто да го надвладее лошото“
Eкономските победници и губитници од војната на САД и Израел против Иран
ВИ агентите се однесуваат неочекувано, дали навистина „одметната ВИ“ е тука?
Казната од 17,1 милијарди долари за Мета носи драстични промени за нејзините производи