САД ја продолжија лиценцата на Лукоил до 17 јануари за преговори за продажба на имотот во странство
Според лиценцата, потребно е заинтересираните страни да купат 50 проценти или повеќе од средствата на Лукоил до 17 јануари 2026 година, со услов договорот да биде одобрен од Канцеларијата за контрола на странски средства (OФAK)
Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави ја продолжи лиценцата на Лукоил до 17 јануари, што ѝ овозможува на компанијата да извршува трансакции поврзани со преговарање и склучување условни договори за продажба на средствата на Лукоил во странство.
Дозволата, како што е наведено во објавата на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OФAK), исто така овозможува трансакции потребни за одржување на бизнисот со одобрение на OФAK.
Според лиценцата, потребно е заинтересираните страни да купат 50 проценти или повеќе од средствата на Лукоил до 17 јануари 2026 година, со услов договорот да биде одобрен од OФAK.
Oд ОФAK наведуваат дека за одобрување на лиценцата на Лукоил, терминот „условни договори“ значи извршни договори, извршни проформа фактури, принципиелни договори, извршни понуди што можат да се прифатат, како што се понуди или предлози како одговор на јавни тендери, обврзувачки меморандуми за разбирање или кој било друг сличен договор.
Беше истакнато дека во Русија не е дозволен трансфер на пари на физичко или правно лице.
Досега во јавноста се шпекулираше за неколку големи нафтени компании заинтересирани за купување на странскиот имот на Лукоил, но нема официјална потврда за ниту една понуда.