Данска сепак пресилна за македонските ракометари

Во првиот натпревар од Европското првенство кое се игра во Данска, Шведска и Норвешка, македонската репрезентација го доживеа првиот пораз. Следниот натпревар избраниците на Кирил Лзаров го играат во недела против Португалија.

By
Данска ја совлада Северна Македонија

Убедлив пораз за македонските ракометари од 12 гола разлика на стартот на Европското првенство против Данска, главниот фаворит за освојување на златниот медал.

Избраниците на Кирил Лазаров во натпреварот во Хернинг беа поразени со 36:24. И покрај желбата за подобар резултат сепак Данска се покажа како надмоќна во овој натпревар.

Пресудија техничките грешки и сериите на данските ракометари на почетокот на првото полувреме кога направија 5:0 и се одлепија на 8:3, како и на почетокот на второто полувреме.

Во македонската репрезентација најефикасен беше Мартин Серафимов со шест голови, додека кај Данците Симон Питлик со девет погодоци.

Во вториот натпревар од оваа грпа Португалија со 40:34 ја совлада Романија. Следниот натпревар македонските ракометари го играат во недела против Португалија.