| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Владата ќе ги евакуира македонските граѓани од кризните подрачја
632 македонски државјани побарале помош за евакуација. Повеќето од нив се во Обединетите Арапски Емирати и ќе се вратат преку организирани чартер летови
Владата ќе ги евакуира македонските граѓани од кризните подрачја
Владата ќе ги евакуира македонските граѓани од кризните подрачја / Reuters

Македонската влада ќе обезбеди чартер-летови за евакуација на македонските граѓани од кризните подрачја, а за шест граѓани кои побарале асистенција за извлекување од Израел ќе биде ангажиран државниот авион кој ќе ги преземе од Египет.

632 македонски државјани побарале помош за евакуација. Повеќето од нив се во Обединетите Арапски Емирати и ќе се вратат преку организирани чартер летови.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија соопшти дека се отворени линии за комуникација за сите граѓани на кои им треба асистенција, а се наоѓаат во некоја од погодените земји на Блискиот Исток.

„Безбедноста на македонските граѓани е највисок приоритет на Владата. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму пристапува одговорно, координирано и темелно во спроведувањето на сите активности поврзани со евакуацијата на граѓаните од погодените подрачја“, се наведува во соопштението на Министерството и се додава:

„Во таа насока, ја информираме јавноста дека, согласно со заклучокот на Владата, е започната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови со цел обезбедување безбедна евакуација.“

Од Министерството апелираат до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените региони (Обединетите Арапаски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт), доколку сè уште не го сториле тоа, веднаш да контактираат со надлежното дипломатско-конзуларно претставништво или со СОС бројот на Министерството.

Министерството нагласи дека имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно со Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации.

„За реализација на оваа услуга се предвидени средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ“, се вели во соопштението.

Повеќе
Трамп: Мерц да се фокусира на поправка на пропаднатата земја, да не се меша во стратегијата за Иран
Фидан: Самитот на НАТО во Анкара, историска можност за единство
Вучиќ: Активирањето на новиот суперкомпјутер во Државниот центар за податоци-историски момент
Израел притвори 20 турски државјани на флотилата за помош за Газа
Велика Британија и девет европски земји ќе формираат заеднички поморски сили
Собранието изгласа укинување на техничката влада
Словенија: Изгласани измени на законот за влада, на повидок нова владина коалиција
Пезешкијан: Американската поморска блокада е осудена на пропаст
Србија и Чешка најавија зајакнување на соработката во многу области
Најмалку деветмина загинати во израелски воздушни напади врз Јужен Либан
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита
Зеленски: Ќе разговараме со САД дали предлогот за примирје на Русија е вистински
Командантот на КФОР вели дека Туркије е меѓу главните придонесувачи во мисијата на НАТО на Косово
Трамп повторно го притиска претседателот на Израел да го помилува Нетанјаху
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“