| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Руското Министерство за одбрана во понеделник соопшти дека нејзините воздушни одбранбени сили собориле 1.336 украински беспилотни летала над 16 руски региони, а бил погоден и мостот што ја поврзува Русија со Крим
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Кримскиот мост, најдолгиот мост во Европа, кој ја поврзува Русија со Крим, се смета за еден од најважните инфраструктурни проекти на Путин / AP (Wire)

Украина во текот на ноќта меѓу недела и понеделник го извршила својот најголем напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на руската инвазија во 2022 година.

Руското Министерство за одбрана во понеделник соопшти дека нејзините воздушни одбранбени сили собориле 1.336 украински беспилотни летала над 16 руски региони.

Ова го надмина претходниот рекорд од 1.254 соборени беспилотни летала, регистриран на 29 октомври.

Ова е продолжение на трендот на зголемување на обемот и фреквенцијата на украинските напади со беспилотни летала, кои се интензивираа во изминативе месеци.

Руското Министерство за одбрана објави дека беспилотните летала биле пресретнати и над Крим, полуостров во Црното Море што Русија го зазеде и анектираше во 2014 година, како и над водите на Азовското и Црното Море.

Сергеј Аксјонов, гувернерот на Крим назначен од Москва, изјави дека Украина нападнала стратешки важен патен и железнички мост што го поврзува полуостровот со рускиот регион Краснодар на југ.

Кремљ објави дека штетата на мостот е мала. Патниот сообраќај е привремено прекинат за санација, додека железничкиот сообраќај продолжува непречено, објави руското Министерство за транспорт.

Станува збор за најдолгиот мост во Европа кој ја поврзува Русија со Крим, и се смета за еден од најважните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, денеска изјави дека Украина досега онеспособила 55% од капацитетот за рафинирање на нафта на Русија, повикувајќи се на најновиот извештај.

Тој предупреди дека украинските разузнавачки служби имаат информации за нови руски напади и дека заканата од балистички ракети останува многу сериозна.

Русија, вели тој, систематски ја уништува енергетската инфраструктура со повеќедневни напади врз одредени региони.

Повеќе
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата