| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Со изборот за министер на претседателот на Демократската партија на Турците се заокружува реконструкцијата на Владата, во рамките на која на 13 јули беа избрани осум нови министри
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор

Македонското Собрание денеска со 67 гласа „за“ и 13 „против“ го избра Зулфиќар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, за нов министер без ресор во Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски, образложувајќи го предлогот, истакна дека изборот на Зејнула е дел од политиката на партнерство, меѓусебна доверба и заедничка одговорност за иднината на државата.

„Токму затоа денес го предлагам Зулфикар Зејнула за министер без ресор. Овој предлог е дел од една поширока политика што ја водиме од самиот почеток - политика на партнерство, меѓусебна доверба и преземање заедничка одговорност за иднината на државата“, посочи Мицкоски.

Новиот министер без ресор во периодот од 2021 до 2024 година ја извршуваше функцијата заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а претходно беше советник во Општина Гостивар и работеше во Правниот сектор на Демократската партија на Турците на Македонија.

За својата работа е добитник на државно одликување за исклучителна пожртвуваност, доделено од Република Туркије.

Зејнула е дипломиран криминалист, со завршено високо образование на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола.

Со неговиот избор се заокружува реконструкцијата на Владата, во рамките на која на 13 јули беа избрани осум нови министри.

 

 

Повеќе
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток
Иран го отфрли предлогот за примирје со САД доставен преку ирачкиот премиер Заиди
Трамп: Размислувам за нов масовен напад против Иран
Трамп: Би се сретнал со Нетанјаху ако допатува во САД следната недела
Туркије остро го осудува израелскиот напад предводен од министерот врз џамијата Ал Акса
Зеленски: До есен нови трилатерални разговори Киев – Москва – Вашингтон
Рубио: Имавме добар разговор со Лавров во Манила
Бабиш: Западен Балкан припаѓа на Шенген, Европа треба да се одбрани од нелегална миграција