| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Поранешната украинска премиерка и актуелна пратеничка Јулија Тимошенко обвинета за корупција
Тимошенко е обвинета дека како лидер на парламентарната група на партијата Баткившчина нудела мито на одредени пратеници, не еднократно, туку на долг рок, да гласаат или не гласаат за одредени предлог-закони по нејзини упати
Поранешната украинска премиерка и актуелна пратеничка Јулија Тимошенко обвинета за корупција
Тимошенко ги негира обвинувањата и вели дека станува збор за грандиозен ПР потег на власта / Reuters

Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) на Украина и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) поднеле обвинение против лидерот на партијата Баткившчина, поранешната премиерка Јулија Тимошенко, поради обид за поткуп на пратеници во Врховната рада на Украина.

Според соопштението на НАБУ и САПО, откако двете институции во декември 2025 година откриле случаи во кои неколку пратеници добиле мито за гласање по предлог-закони, Тимошенко почнала преговори со одредени пратеници за воспоставување систем на редовни нелегални плаќања во замена за лојално однесување за време на гласањето.

Истрагата утврдила дека не станува збор за еднократни договори, туку за механизам на континуирана соработка што вклучувал аванси и бил наменет како долгорочен договор.

Според НАБУ, во тој систем, пратениците би добивале упатства за тоа како да гласаат, а во некои случаи и упатства да се воздржат од гласање или воопшто да не учествуваат во гласањето.

ТАСС објави дека портпаролката на Специјализираното обвинителство, Олга Постолук, потврдила дека против Тимошенко се поднесени обвиненија според членот за поткуп на службено лице, а лидерката на Баткившчина се соочува со казна затвор од пет до 10 години.

Тимошенко, потврди дека во нејзината канцеларија во текот на ноќта биле спроведени „итни истражни дејствија“ по обвинение за поткуп, но таа категорично ги негираше сите обвиненија, објави Укринформ.

Тимошенко на својата Фејсбук страница изјави дека повеќе од 30 лица „без никакви документи всушност ја окупирале зградата и ги земале вработените како заложници“, додека службените материјали - вклучувајќи службени телефони, парламентарни документи и лични заштеди - биле конфискувани.

„Претресот е грандиозен ПР потег“, оцени Тимошенко, додавајќи дека обвиненијата немаат никаква врска со законот.

Повеќе
Франција за првпат ќе го активира планот за вонредни состојби поради екстремна топлина
Демонстранти во Словенија бараат повлекување од НАТО и воведување санкции против САД и Израел
Регионални посредници се обидуваат да ги смират тензиите меѓу САД и Иран
Медиуми: Израел ги предупредил САД за наводен ирански заговор за убиство на Трамп
Иранскиот ајатолах Хамнеи погребан по неколкудневна жалост
Најмалку 12 загинати во пожар во Шпанија
Туркије и американските одбранбени гиганти ги здружија силите за технологија од следната генерација
Тошковски- Уркиза: Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција
Палестинскиот претседател Абас го одреди 28 ноември за палестинските парламентарни избори
Фајненшл Тајмс: Воведувањето на системот ЕИТАС за влез во ЕУ е одложено до следната година
Воена делегација од САД доаѓа во Либан за да го координира фазното израелско повлекување
Израел Кац: Не ни е потребна дозвола да останеме во Либан
Почнува уставниот рок од 30 дена за конституирање на Собранието на Косово
Кремљ: Путин и Трамп водат конструктивен дијалог и покрај нивните разлики
Украински дронови погодиле 12 руски танкери со нафта во Азовското Море