Американската амбадсада во Багдад погодена од дрон

Досега нема извештаи за жртви или штети

By
Smoke rises after an explosion at the U.S. Embassy compound in Baghdad, Iraq, following a rocket and drone attack, according to security sources / Reuters

Американската амбасада во Багдад рано утрово беше погодена од дрон, по што во таа област одекна експлозија, објавија безбедносни извори.

Извор од безбедносните служби за ирачкиот портал Шафак изјави дека нападот бил насочен кон комплексот на американската амбасада во Зелената зона во Багдад.

Изворот истакна дека системите за воздушна одбрана не успеале да го неутрализираат дронот.

Багдад беше цел на повеќекратни ракетни и беспилотни напади вчера, насочени кон областа околу Меѓународниот аеродром и Амбасадата на САД.

Според изворите, најмалку три беспилотни летала ја погодиле американската дипломатска мисија во близина на аеродромот во Багдад, активирајќи ги системите за воздушна одбрана.

Нападите ги извршуваат милиции поддржани од Техеран како одмазда за војната меѓу САД и Израел против Иран, која започна на 28 февруари.

Досега нема извештаи за жртви или штети.