| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката
„По оваа проекција, верувам дека сите ќе почувствуваме колку филмот може истовремено да биде длабоко локален по својата приказна, а сепак универзален по емоцијата и пораката што ја носи“ истакна министерот Љутков.
Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката
Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката / Other
5 март 2026

Европската премиера на играниот филм „Диџеј Ахмет“, режисерско деби на Георги Унковски, која се одржа во „Синема галери“ на 2 март во Брисел, го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци, гости и љубители на седмата уметност, соопшти Министерството за култура и туризам. 

Пред проекцијата се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој пред публиката истакна дека прикажувањето македонски филм во срцето на Европа претставува значаен успех и силна потврда за квалитетот на домашната кинематографија.

„Чест ми е што вечерва, овде во срцето на Европа, во Брисел, го одбележуваме премиерното прикажување на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“. По оваа проекција, верувам дека сите ќе почувствуваме колку филмот може истовремено да биде длабоко локален по својата приказна, а сепак универзален по емоцијата и пораката што ја носи“ истакна министерот Љутков.

Како што се наведува во соопштението, тој упати искрени пофалби до авторскиот и продуцентскиот тим нагласувајќи дека филмот претставува уметничко остварување што достоинствено ја претставува државата на европската сцена и е доказ за зрелоста, креативната храброст и меѓународниот потенцијал на македонската кинематографија.

Љутков додаде дека филмот е резултат и на силна меѓународна соработка и доверба меѓу партнерски институции и нагласи дека тоа е потврда дека кога се работи заеднички, може да се создаде вредност што ги надминува границите и говори на јазик разбирлив за сите.

„Ова не е само уметничко дело, туку резултат на соработка, доверба и заедничка визија. Копродукциските проекти се одлична можност нашите автори и продуценти да станат дел од поширока европска мрежа, да добијат пристап до нови пазари и нова публика и на тој начин малите кинематографии да бидат рамноправен и видлив дел од европскиот аудиовизуелен простор“, рече министерот.

По проекцијата, се одржа панел-дискусија посветена на улогата и значењето на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор.

„Премиерата и панел-дискусијата претставуваат уште една потврда за активното присуство на македонската култура на европската сцена и за континуираната заложба за продлабочување на соработката со европските партнери“, соопшти Министерството за култура и туризам.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите
Ареф: Безбедноста на Ормутскиот теснец не е возможна без гаранции за иранската нафта
Израелската армија ги предупреди жителите на Јужен Либан да ги избегнуваат пограничните области
Радев пред убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија
Фидан: Туркије ја проширува својата дипломатска улога
Сиљановска-Давкова: Процесот на пристапување кон ЕУ „маратон полн со пречки кон Брисел“
Турско-македонските трговски односи и потенцијалот за раст дискутирани на АДФ