| Macedonian
Раст на употребата на дигиталните канали за плаќања
Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка.
Раст на употребата на дигиталните канали за плаќања
Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка.

Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се зголемени за 21,9 проценти кај трансакциите и за 23 отсто кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година.

Од Народната банка посочуваат дека најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат во анализираниот период се извршени преку мобилни апликации (72,8%), при евидентиран годишен раст од 25,9 отсто, што потврдува дека употребата на мобилниот телефон преовладува, како најбрз и наједноставен начин на плаќање.

„Натамошни позитивни движења има и кај плаќањата со платежни картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 12,2%, а нивната вредност за 14,5%. Растот кај бројот на плаќањата произлегува пред сѐ од платежните трансакции направени преку интернет  (18,7%), како и од плаќањата на физичките места на продажба (11,7%). Растот на дигиталните плаќања се должи и на воведувањето нови платежни решенија од страна на банките, со кои на граѓаните им се овозможува поедноставно и побрзо плаќање преку мобилни уреди, без употреба на физичка платежна картичка. Дигитализираните картички учествуваат со 17,9% во вкупниот број издадени платежни картички во земјата, а преку секоја дигитализирана картичка се извршени, во просек, 4 трансакции со мобилен телефон во земјава, што укажува на постојано зголемување на користењето на мобилните плаќања и промена на навиките на граѓаните во полза на користењето на придобивките од дигитализацијата“, се наведува во соопштението од Народна банка.

Наведените податоци потврдуваат дека дигитализацијата на платежните услуги напредува, при што електронските плаќања и платежните картички имаат сè позначајна улога во секојдневните финансиски активности на граѓаните.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
74-годишното патување на Туркије во НАТО: Обликување на алијансата
Анкета укажува на израелски политички ќорсокак пред следните избори
Мицкоски: Одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за конкурентност
Турскиот потпретседател се сретна со иранскиот претседател Пезешкијан во Техеран
Армијата доби нова опрема вредна 40 милиони евра обезбедена преку Европскиот мировен фонд
Палестинци и странски активисти повредени во напад на израелски доселеници на Западниот Брег
САД го предупредиле Иран дека преговарачите Арагчи и Калибаф се можни израелски цели
Ден на жалост во Киев по вчерашниот руски напад во кој загинаа најмалку 30 лица
Туркије постигна рекорден извоз од 278 милијарди долари во последните 12 месеци
Премиерот на Молдавија Александар Мунтеану поднесе оставка
Тајната служба пропуштила 102 радио повици за време на обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија
Демонстрант со знаме на Тибет се самозапалил пред седиштето на ОН во Њујорк
САД: ИЦЕ уапси 10.000 мигранти за пет дена, најавени се нови апсења
Фидан: Ердоган и Трамп имаат заедничка волја за укинување на санкциите преку КААТСА
Одобрувањето на нови израелски населби во Западниот Брег предизвикаа реакции кај Палестинците