| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
Дуплантис постави нов светски рекорд на СП во Токио
По прескокнатите 6,15 метри и освоениот златен медал, Дуплантис ја нападна височината од 6,30 метри, која ја прескокна во третиот обид предизвикувајќи ерупција од задоволство на преполниот и бучен јапонски Национален стадион
Дуплантис постави нов светски рекорд на СП во Токио
За Дуплантис ова е 14-ти светски рекорд во неговата кариера почнувајќи со 6,17 метри (Фото: Ројтерс) / Reuters

Спектакуларниот шведски скокач со стап Мондо Дуплантис постигна нов светски рекорд на третиот ден од Светското првенство во атлетика во Токио, Јапонија.

Дуплантис важеше за фаворит за златниот медал, иако Гркот Eманоил Каралис, кој блескаше во последните месеци со прескокнати 6,08 метри, но, се разбира, бèше многу далеку од претходниот светскиот рекорд на Дуплантис (6,29 метри).

И Каралис беше добар, скокна 6,00 во првиот обид, но остана на таа височина. 25-годишниот Швеѓанец лесно ги помина 6,00, 6,10 и 6,15 метри. Бронзениот медал го освои Куртис Маршал од Австралија, кој прескокна 5,95 метри.

По прескокнатите 6,15 метри и освоениот златен медал, Дуплантис ја нападна височината од 6,30 метри, која ја прескокна во третиот обид предизвикувајќи ерупција од задоволство на преполниот и бучен јапонски Национален стадион.

„Испадна подобро отколку што можев да замислам. Неверојатно чувство е да ви го дадам овој светски рекорд. Публиката беше толку гласна“ - рече тој во еуфорија.

За Дуплантис ова е 14-ти светски рекорд во неговата кариера. Почна со 6,17, а сантиметар по сантиметар стигна до круг од 6,30. И „патем“ ја освои својата трета титула светски шампион, заедно со два олимписки златни медали, три европски круни и неколку други медали и рекорди...

Повеќе
Зеленски: Крајот на 2026 и летото 2027 се реален период за мировен договор за Украина
Иран: Американската „економска војна“ е повторливото сценарио со кое знаеме да се соочиме
Земјите од ЕУ испратија хеликоптери и тимови за помош на Србија во гаснењето на пожарите
ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради прекршување на приватноста на деца
Ископувањата во античкиот град Родијаполис во јужна Туркије продолжуваат
Иран ги критикува новите санкции на САД како „економски тероризам“
Ткаат за традицијата, заработуваат за семејството: Жените од Газиантеп го чуваат старото мајсторство
Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милион евра
Пезешкијан: Војната со САД треба да заврши додека сме во позиција на достоинство и моќ
Скандал за можна поврзаност на Наташа Пирц Мусар со руски служби ја тресе Словенија
Силни грмотевици оставија речиси 26.000 домаќинства без струја во југоисточна Франција
Белорусија ја затворa амбасадата во Финска
Романски Ф-16 уништи морски дрон во близина на гасната платформа на Црното Море
Роналдињо се враќа во фудбалот 11 години по последниот настап
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија