| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милион евра
Учеството на електронската наплата во вкупниот промет на наплата е 36 проценти од вкупно 11 наплатни станици на кои е воведена.
Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милион евра
Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милион евра / Other

Од почетокот на годината, заклучно до јуни, од наплата на патарина во државата инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра) во споредба со минатата 2025 година и наплатени се 21.891.532 денари повеќе - информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП).

Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, Демир Капија, Отовица, Гевгелија. 

Според собраните средства и цената на билетите, највисоки приходи има на Романовце по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија. 

„Јавното претпритијатие за државни патишта секогаш кога има зголемен обем на сообраќај на наплатните станици, а особено во летната сезона Одделението за наплата на патарина прави акциски план (распоред), при што на секоја наплатна станица на двата коридори се пуштаат во функција сите расположливи ленти, секако еднакво им се дава приоритет и на електронската наплата на патарината (ЕНП) на MTag, каде што најмалку една лента е секогаш во функција - тоа се возила што поминуваат без да застанат, и на електронската наплата на патарината MCard - тоа се возила што немаат контакт со вработен, т.е. бесконтактно поминување“, велат од ЈПДП.

Учеството на електронската наплата во вкупниот промет на наплата е 36 проценти од вкупно 11 наплатни станици на кои е воведена. 

Од ЈПДП посочуват дека податоците за продажбата на електронски уреди и нивно надополнување, особено откако м-таг уредите се достапни и во продажните салони на операторите, покажува дека електронската наплата на патарини е зголемена за 6 проценти од вкупната таква наплата.

Раководството на ЈПДП при промоцијата на можноста за купување на м-таговите кај мобилните оператори инфорира дека се размислува за воведување на моделот на наплата на патарини како во Србија, односно затворен систем за наплата за поминати километри. За таа цел, веќе се работи на студија да се воведе ваков систем на наплата на Коридорот 8. 

Од наплата на патарини минатата година (заклучно со 23 декември) беше остварен промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра).

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови