| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Во Скопје одбележана 78-годишнината од егзекуцијата на членовите на движењето Јуџел
Комеморативната програма беше организирана во Скопје од страна на Здружението „Копру“, кај Споменикот на јуџелистите, отворен во 2021 година во Основното училиште „Тефејуз“
Во Скопје одбележана 78-годишнината од егзекуцијата на членовите на движењето Јуџел
Во Скопје одбележана 78-годишнината од егзекуцијата на членовите на движењето Јуџел / AA
28 февруари 2026

По повод 78-годишнината од егзекуцијата на четворицата членови на движењето „Јуџел“ од страна на комунистичкиот режим на поранешна Југославија, во Скопје се одржа комеморативна програма.

Комеморативната програма беше организирана во Скопје од страна на Здружението „Копру“, кај Споменикот на јуџелистите, отворен во 2021 година во Основното училиште „Тефејуз“, кое изведува настава на турски јазик.

На програмата организирана од Здружението „Копру“ присуствуваа претставници на турските и локалните институции и организации во земјата, како и поканети гости.

Претседателот на Здружението „Копру“, Хусрев Емин, во своето обраќање зборуваше за значењето на движењето „Јуџел“ и неговите членови.

Присутните положија рози пред споменикот и се помолија.

Турците муслимани кои живееја во Македонија во 1937 година почнаа да се собираат и организираат за да ги зачуваат и одржат живи националните и духовните вредности, како и обичаите и традициите.

Во 1945 година, организацијата го доби името „Јуџел“, а функцијата претседавач ја имаше Шуајб Азиз-ефенди, кој учел во медресата на Атаула-ефенди во Скопје, а подоцна и на Универзитетот „Ал-Азхар“ во Египет.

Со напорите да се елиминираат сите националистички организации во Југославија, во 1947 година започна судскиот процес за 16 лица кои беа претходно уапсени. На 25 јануари 1948 година судот одлучи за нивна егзекуција, а на 27 февруари истата година со стрелачки вод се егзекутирани Шуајб Азиз, Адем Али, Али Абдурахман и Назми Омер. Во меѓувреме, на другите лица им беа одредени тешки затворски казни.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Воениот злосторник Ратко Младиќ претрпел мозочен удар во затворот во Хаг
Министерот Зукорлиќ во официјална посета на Северна Македонија
Кина ги отфрли заканите на САД за секундарни санкции за иранската нафта
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Левица ја обвини Владата на Мерц дека ја подгрева војната во Иран
НАСА: Астероидот „Бог на хаосот“ ќе помине во близина на Земјата за 3 години
Трамп: Лидерите на Израел и Либан ќе одржат разговори
Бродови поврзани со Иран пловат по нови рути по блокадата на САД
Најмалку 2 загинати, 18 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Средба на европските градоначалници во Скопје
Ердоган упати сочувство по смртоносната пукотница во училиштето во Кахраманмараш на југот од Туркије
Белата куќа: Следната рунда преговори меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржи во Исламабад
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
Израелскиот висок суд разгледува петиција за разрешување на крајнодесничарскиот министер Бен-Гвир
Туркије договори со Светска банка финансирање на голем железнички премин во Истанбул