Вучиќ: Парламентарни избори во Србија најдоцна за една година
Според Вучиќ парламентарните избори ќе се одржат најдоцна во рок од една година, а дека надлежните институции ќе одлучат дали истовремено ќе се одржат и претседателски избори
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека земјата влегла во изборна година и дека единственото прашање што останува е дали покрај парламентарните избори ќе се одржат и претседателски избори.
Според Вучиќ парламентарните избори ќе се одржат најдоцна во рок од една година, а дека надлежните институции ќе одлучат дали истовремено ќе се одржат и претседателски избори.
„Денес официјално влеговме во изборната година и нема сомнение дека ќе имаме избори најдоцна во рок од една година“, рече Вучиќ.
„И да видиме дали ќе има само парламентарни избори или ќе има парламентарни и претседателски избори заедно. Но, надлежните институции ќе донесат одлука за тоа“, додаде тој.
Вонредните парламентарни избори во Србија се одржаа во 2023 година.