Колумбија планира да ги смести најопасните затвореници на бродови на отворено море, потврди извор од колумбиското Министерство за одбрана за агенцијата Франс-прес во среда.
Новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела, на власт од 7 август, е застапник на фронтална борба против вооружените групи кои ја контролираат нелегалната трговија со дрога во јужноамериканската земја, пишува француската агенција.
За време на состанокот за безбедноста, крајно десничарскиот политичар повика на забрзување на проектот за затворски бродови, откри извор од министерството.
Употребата на вакви бродови има за цел да спречи бегства и сериозно да го ограничи контактот на затворениците со надворешниот свет, пишува агенцијата Франс-прес.
Организациите за човекови права, сепак, сметаат дека овој облик на притвор е кршење на основните права и индивидуалните гаранции на затворениците.
Поранешниот десничарски колумбиски претседател Алваро Урибе ги смести нарко-босовите на бродови во Атлантскиот и Тихиот Океан во 2007 година, пред нивната екстрадиција во Соединетите Американски Држави.





















