ССМ на протест пред Собранието

Целта на протестот е спречување на народните избраници со своите автомобили да дојдат на работа и да успеат да добијат пари за патни трошоци. Од ССМ велат дека се одлучиле на ваков чекор поради молкот за зголемување на платите

By
Sindikat Skopje protest / TRT Balkan MK

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го блокира пристапот до Собранието, за пратениците да не можат дојдат на работа со возила.

Целта на протестот на ССМ е народните избраници за денешниот ден да не можат да ги наплатат патните трошоци за доаѓањето на работа.

Револтот на работниците според претседателот на синдикатот  Слободан Трендафилов е поради молкот на пратениците за зголемувањето на минималната плата и сите останати плати. Барањето на синдикатот е зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на другите плати за најмалку 6 000 денари.

Блокадата е најавена за утрово, со почеток во 9 часот, и ќе се одржи пред Собранието, односно на улиците „11-ти Октомври“ и „Даме Груев“.