Светските цени на нафтата продолжија со силен раст и во четврток, при што суровата глобална нафта од типот Брент повторно ја надмина границата од 97 долари за барел, достигнувајќи највисоко ниво во последните шест недели.
Според пазарните податоци, цената на септемвриските фјучерси на Брент се искачи на 97,879 долари за барел во 9:45 часот, што претставува раст од 3,94% во однос на претходното затворање.
Во исто време, американската лесна сурова нафта Вест Тексас Интермедиејт (WTI) поскапе за 3,06% и се тргуваше по цена од 89,537долари за барел. Последен пат Брент се тргуваше над нивото од 97 долари на 8 јуни.
Растот на цените е поттикнат од ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, особено поради нападите врз танкери во Црвеното Море и стравувањата од нарушување на транспортот низ Ормускиот Теснец, една од најважните светски рути за испорака на нафта.
Аналитичарите предупредуваат дека секое дополнително влошување на безбедносната состојба може да предизвика нов скок на цените и дополнителен притисок врз глобалната економија.
Европските фјучерси за гас за август денеска на отворањето на берзата TTФ во Амстердам сетргуваа по цена од 62,880 евра за мегават-час.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,14264 долари.
Цената на златото падна на 4.105,43 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 7,0963 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).






















