| Macedonian
Јапонија ги одобри првите терапии со иПС матични клетки за срцева слабост и Паркинсонова болест
Индуцираните плурипотентни матични- иПС клетки можат да се трансформираат во речиси секаков вид човечка клетка и можат да се размножуваат на неодредено време, што ги прави моќна алатка за регенеративната медицина
Јапонија ги одобри првите терапии со иПС матични клетки за срцева слабост и Паркинсонова болест
Третманите би можеле да стигнат до пациентите уште ова лето, а се очекува лекот за срцева слабост РеХарт да чини околу 63.500 долари / AA

Јапонија условно ги одобри првите комерцијални третмани за регенеративна медицина во светот развиени од индуцирани плурипотентни матични- иПС (iPS) клетки, што е голема пресвртница во напредните медицински истражувања, објавија локалните медиуми во петокот.

Одлуката дозволува ограничена употреба на две терапии: РеХарт (ReHeart), развиен од Цурипс Инц. (Cuorips Inc.) за лекување на тешка срцева слабост предизвикана од исхемична кардиомиопатија, и Амчепри (Amchepry), создаден од Сумимото Фарма Цо.(Sumitomo Pharma Co.) и Рацтера Инц.(Racthera Inc) за лекување на Паркинсонова болест, според Кјодо Њуз.

„Се надевам дека ќе ги спасат пациентите не само во Јапонија, туку и низ целиот свет“, рече министерот за здравство, труд и социјална помош Кеничиро Уено.

Третманите би можеле да почнат да стигнуваат до пациентите уште ова лето, иако конечната цена и националното осигурување сè уште се во фаза на дискусија. 

Се очекува РеХарт да чини повеќе од 10 милиони јени (околу 63.500 долари), додека се очекува и Aмчепри да има висока цена.

Одобренијата беа доделени според посебна рамка што овозможува рана условна употреба на иновативни лекови откако ќе се потврди безбедноста и ќе се демонстрира потенцијалната ефикасност, дури и со ограничени податоци од клиничките испитувања. 

Развивачите мора да ја докажат ефикасноста на терапиите во рок од седум години за да обезбедат целосно одобрување.

иПС клетките можат да се трансформираат во речиси секаков вид човечка клетка и можат да се размножуваат на неодредено време, што ги прави моќна алатка за регенеративна медицина. 

Технологијата ја воведе јапонскиот научник Шиња Јаманака, кој ја освои Нобеловата награда за физиологија или медицина во 2012 година за своето откритие.

Повеќе
НАСА: Астероид со големина на три фудбалски игралишта ќе помине покрај Земјата за три години
Подготвена ЕУ- апликацијата за проверка на возраста на децата на социјалните мрежи
ММФ предупредува: Светот тоне во долгови какви што не се видени од 1945 година
Приходите на Русија од извозот на нафта се зголемија поради војната во Иран
Гугл го обликува пристапот на властите кон ВИ и работните места
Истражување: Приземниот озон сè повеќе се поврзува со смртните случаи од рак
Како „чистите шофершајбни“ во Европа раскажуваат поголема приказна за безбедноста на храната
Пробив во превенцијата од рак, шпанската вакцина Ноус-209 дава охрабрувачки резултати
Сателитските огледала може да го загрозат ноќното небо и екосистемите, предупредуваат научниците
Како повторното откривање на реткиот цвет Рафлезија ја подели глобалната научна заедница
Авиокомпаниите ги зголемуваат цените на билетите и ги намалуваат летовите поради зголемените трошоци
Екипажот на Артемис II вечерва се спушта на Земјата, најкритичниот момент од мисијата
Цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишно ниво
Пад на цените на нафтата и раст на берзите по договорот меѓу САД и Иран
Астронаутите на Артемис II одлетаа досега најдалеку во вселената од кој било човек пред нив
Астронаутите од Артемис се подготвуваат за прелет покрај Месечината во историската мисија
Во бумот на долговечноста: Каде завршува науката, а почнува фантазијата
Кинеско вселенско летало откри „дупка“ во космичкото зрачење околу Месечината
Зошто луѓето не се вратија на Месечината повеќе од 50 години?
Астронаутите од Артемис II се упатија кон Месечината откако се одвоија од орбитата на Земјата