| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
ЈАНАФ ја прекинува соработката со НИС, Хрватска е подготвена да ја купи Нафтена индустрија Србија
Нашата рака е подадена и ако тоа е решението, Хрватска е подготвена за таа опција, а пред сè за да го заштити континуитетот на работењето на ЈАНАФ, рече хрватскиот министер за економија Шушњар во врска со можното хрватско купување на НИС
ЈАНАФ ја прекинува соработката со НИС, Хрватска е подготвена да ја купи Нафтена индустрија Србија
Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) денес објави дека ја прекинува соработката со Српската нафтена индустрија (НИС) / AA

Хрватскиот министер за економија Анте Шушњар изјави денес дека Хрватска е подготвена да влезе во сопственичката структура на Нафтена индустрија на Србија (НИС) и, како што изјави, да доминира на малопродажниот пазар во таа соседна земја, што значително би го олеснило работењето за двете страни.

Шушњар го изјави ова откако НИС, која е во мнозинска сопственост на Русија, не доби ново одложување на санкциите на Вашингтон воведени врз рускиот енергетски сектор, иако Јадрански Нафтовод (ЈАНАФ) доби лиценца за транспорт на нафта за НИС до 15 октомври.

„Моите информации од ЈАНАФ велат дека тие транспортирале сè што било складирано во терминалите и цевководот на ЈАНАФ, што значи дека нема повеќе прием на таа нафта и дистрибуција до Србија“, рече Шушњар.

„Во врска со хрватското купување на НИС, Шушњар рече дека „нашата рака е подадена“ и ако тоа е решението, Хрватска е подготвена за таа опција, а пред сè за да го заштити континуитетот на работењето на ЈАНАФ.

„Без никакви претензии, ние сме подготвени да доминираме на малопродажниот пазар во Србија“, рече Шушњар, додавајќи дека ова значително би го олеснило работењето и за Хрватска и за Србија.

Тој изјави дека рафинеријата во Панчево снабдува и 20 проценти од пазарот со деривати во Босна и Херцеговина, што е дополнителен предизвик за таа земја.

Тој очекува наскоро да заврши модернизацијата на рафинеријата во Риека, што би ги зголемило капацитетите и на овој начин би обезбедило сигурност во снабдувањето на соседна БиХ, а делумно и на Србија.

На прашањето што ќе се случи со ЈАНАФ ако санкциите траат до крајот на годината, бидејќи претседателот на Управниот одбор на ЈАНАФ зборува за загуби во милиони, Шушњар рече дека нема да има загуби, туку нешто што нема да се направи, т.е. ќе биде изгубена добивка.

Тој нагласи дека JAНAФ постојано работи на диверзификација на својот бизнис, така што сите загуби би можеле делумно да бидат компензирани од друга страна. Сепак, изрази надеж дека одложувањето на соработката со НИС ќе биде краткотрајно и дека нема да има штета ниту за JAНAФ ниту за НИС, како и за граѓаните на БиХ.

Инаку, според соопштението на JAНAФ, се проценува дека прекинот на испораките на нафта до НИС би ги намалил приходите на хрватската компанија за 18 милиони евра до крајот на годината.

Шушњар ја отфрли можноста дека најновата ситуација во врска со НИС го става ЈАНАФ во полоша преговарачка позиција со унгарската MOЛ. Тој повтори дека Хрватска е подготвена да ги испорача сите свои капацитети што им се потребни на Унгарија, Словачка и Србија.

Тој потврди дека постојат „милион причини“ поради кои MOЛ тврди дека JAНAФ нема доволно капацитет, велејќи дека цената на JAНAФ воопшто не е спорна. Според Шушњар, главната причина за Приговорите на МОЛ се поевтината руска нафта што ја набавуваат и остваруваат профит од една милијарда долари годишно, пренесува Хина.

Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) денес објави дека ја прекинува соработката со Српската нафтена индустрија (НИС) бидејќи, како што наведува, српската компанија не ја добила потребната лиценца за продолжување на извршувањето на Договорот за транспорт на сурова нафта, што ќе значи дека можноста за понатамошно спроведување на договорените активности ќе престане од 8 октомври.

„ЈАНАФ продолжува активно, во соработка со Владата на Република Хрватска и нејзините правни советници од САД, да работи на можностите за наоѓање решение во согласност со важечката регулаторна рамка“, се вели во соопштението на компанијата.

Повеќе
Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Транспортерите од Западен Балкан ги одложија најавените гранични блокади
Избрана новата Влада на Косово, Курти пак премиер
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти
Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе одам како обичен граѓанин
Нова блокада: Косовското Собрание повторно не е конституирано
Хрватска и Бугарија блокираа над 35 тони пиперки од Северна Македонија и Албанија поради пестициди
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Клековски: Западнонилската треска стивнува, хоспитализирани шест пациенти на Инфективна
Не успеа конституирањето на Собранието на Косово, седницата продолжува во петок
Вучиќ го распушти Народното собрание и распиша предвремени парламентарни избори за 25 октомври
Албулена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово
Делегацијата на ЕУ во Скопје: Величањето воени злосторници нема место во земјите што се стремат кон
Уапсен поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, сам и се предал на полицијата
БиХ протера двајца српски дипломати и се повлекува од декларацијата за регионална соработка
Потпишан Договор за соработка меѓу Македонскиот државен архив и Хрватскиот државен архив
Кошта и Фон дер Лајен: Снимките од погребот на Младиќ беа шокантни
Некои од најважните настани во 35-годишната независност