| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Иако бугарските власти рекоа дека неколку американски авиони-цистерни и 12 воени авиони на аеродромот Васил Левски се дел од планирана воена вежба, тие се користат за поддршка и полнење со гориво на бомбардерите во нападите, изјави иранското МНР
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Иран изјави дека го задржува правото да преземе сите мерки за заштита на своите национални интереси / Reuters
1 април 2026

Министерството за надворешни работи на Иран испрати нота до бугарската амбасада во Техеран, во која повикува на воздржување од какви било активности во поддршка на Соединетите Американски Држави, вклучително и зa американски авиони стационирани на аеродромот Васил Левски, пишуваат бугарските медиуми.

Според предупредувањето, Иран го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, објавува „Новините“.

„За жал, и покрај изјавите на бугарските власти дека распоредувањето на неколку авиони-цистерни за гориво на меѓународниот аеродром Васил Левски е дел од планирана воена вежба, како и присуството на американска воена авијација (12 авиони), тие се користат за поддршка и полнење со гориво на бомбардерите во заедничката американско-ционистичка агресија против Република Иран“, се вели во иранското соопштение.

Иран изјави дека го задржува правото да преземе сите мерки за заштита на своите национални интереси.

„Зошто нелегитимниот Андреј Ѓуров ги крие овие информации? Што чекаме, да падне балистичка ракета? Ќе пристигне за девет минути“, рече Станислав Балабанов од партијата ИТН (Има Такав Народ), кој ја објави содржината на писмото.

Тој побара привремениот премиер Андреј Ѓуров да биде отстранет и заменет со нов.

Повеќе
САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите
Ареф: Безбедноста на Ормутскиот теснец не е возможна без гаранции за иранската нафта
Радев пред убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија
Фидан: Туркије ја проширува својата дипломатска улога
Сиљановска-Давкова: Процесот на пристапување кон ЕУ „маратон полн со пречки кон Брисел“
Како моќното произраелско лоби продолжува да ги контролира демократите во САД
Одборот за мир во Газа и неговиот неизбежен неуспех
САД се враќаат во ерата на Втората светска војна и автомобилските компании кои произведуваат оружје
Дали изборниот пораз на Орбан ќе доведе до драматична промена во Европа?
Еден теснец, глобално влијание: Зошто Ормускиот теснец е толку критичен за светот?
Нераскинливата врска што го раскинува Блискиот Исток
Трамп: Израел повеќе нема да го бомбардира Либан, САД го забранија тоа
Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени