| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мисајловски на REAIM самит вo Шпанија
Во рамки на настанот, како што соопштија од Министерството за одбрана, Мисајловски остварил билатерална средба со министерката Роблес, на која била потврдена заедничката подготвеност за унапредување на одбранбената соработка меѓу двете земји.
Мисајловски на REAIM самит вo Шпанија
Мисајловски на REAIM самит вo Шпанија / Влада на РСМ
5 февруари 2026

Министерот за одбрана на Република Северна Македонија Владо Мисајловски учествуваше на отворањето на Третиот глобален самит за вештачка интелигенција во одбраната – REAIM, што се одржува во А Коруња, Кралството Шпанија. Настанот се организира на покана на шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес Фернандес. 

На самитот, на кој присуствуваат министри, државни претставници од земјите членки на ООН, академска заедница и меѓународни организации, се дискутира за одговорниот развој на вештачката интелигенција во воен контекст и важноста од почитување на човековите права и меѓународното право

Во рамки на настанот, како што соопштија од Министерството за одбрана, Мисајловски остварил билатерална средба со министерката Роблес, на која била потврдена заедничката подготвеност за унапредување на одбранбената соработка меѓу двете земји. Двајцата министри разговарале за повеќе можни заеднички активности и за подготовка на нов План за соработка. 

Министерот Мисајловски истакнал дека брзиот развој на технологијата во одбраната бара силна соработка меѓу сојузниците, за да се обезбеди сигурност и стабилност. Според него поканата за REAIM е дополнителна потврда за одличните билатерални односи со Шпанија. 

Во изјавата, Мисајловски потсетил дека Северна Македонија во ноември 2024 година беше првата земја-кандидат од Западен Балкан што го потпиша Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, нагласувајќи дека државата и понатаму ќе продолжи со силен придонес кон регионалната и колективната безбедност.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Воениот злосторник Ратко Младиќ претрпел мозочен удар во затворот во Хаг
Министерот Зукорлиќ во официјална посета на Северна Македонија
Кина ги отфрли заканите на САД за секундарни санкции за иранската нафта
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Левица ја обвини Владата на Мерц дека ја подгрева војната во Иран
НАСА: Астероидот „Бог на хаосот“ ќе помине во близина на Земјата за 3 години
Трамп: Лидерите на Израел и Либан ќе одржат разговори
Бродови поврзани со Иран пловат по нови рути по блокадата на САД
Најмалку 2 загинати, 18 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Средба на европските градоначалници во Скопје
Ердоган упати сочувство по смртоносната пукотница во училиштето во Кахраманмараш на југот од Туркије
Белата куќа: Следната рунда преговори меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржи во Исламабад
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
Израелскиот висок суд разгледува петиција за разрешување на крајнодесничарскиот министер Бен-Гвир
Туркије договори со Светска банка финансирање на голем железнички премин во Истанбул