Мета соопшти дека деактивирала над 750.000 профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм во Австралија за кои проценила дека им припаѓаат на корисници под 16 години.
До 30 јуни, деактивирани се 462.000 профили на Инстаграм и 294.000 профили на Фејсбук, се вели во соопштението на Мета.
Австралија беше првата земја во светот што воведе минимална возраст од 16 години за профили на социјалните мрежи, а ограничувањата стапија на сила во декември 2025 година.
Повеќе од 500.000 кориснички профили беа отстранети во периодот пред стапувањето на сила на законот, а дополнителни профили беа отстранети во наредните месеци, рече Мета.
Други земји, исто така, преземаат мерки за заострување на пристапот до социјалните мрежи за децата. Франција воведе забрана на национално ниво за корисници под 15 години, додека Шпанија, Малезија и неколку други земји размислуваат за слични ограничувања на возраста.
Мета рече дека спроведувањето на законот продолжува и дека се очекува бројот на забранети профили да се зголеми.
Компанијата соопшти дека користи вештачка интелигенција за да анализира објави, коментари, биографии и описи за индикации дека сопственикот на профилот можеби има под 16 години, вклучувајќи упатувања на родендени и училишни оценки.
„Мета“, исто така, го поедностави процесот за родителите и другите корисници да пријавуваат сомнителни малолетнички сметки и воведе прегледи на ваквите пријави со помош на вештачка интелигенција.
Компанијата ги зајакна мерките дизајнирани да ги спречат отстранетите корисници да регистрираат нови сметки и ја промени возрасната оценка на австралиската продавница за апликации на Епл за своите платформи на 16+.


























