РЕГИОН
1 мин читање
Судија убиен во судница во Апелациониот суд во Тирана
Судијата Астрит Калаја починал на пат кон болница откако бил застрелан во просториите на судот од 30-годишник со иницијали Е. Ш., за време на судски процес во кој убиецот бил странка
Судија убиен во судница во Апелациониот суд во Тирана
Во инцидентот повредени се уште двајца граѓани, кои според полицијата се надвор од животна опасност
6 октомври 2025

Судија на Апелациониот суд во Тирана, Албанија, го загуби животот откако беше застрелан со огнено оружје, по што сторителот е уапсен.

Судијата Астрит Калаја, е застрелан во просториите на судот од 30-годишник со иницијали Е. Ш., соопшти полицијата. Тој починал на пат кон болница.

Во инцидентот повредени се уште двајца граѓани, кои според полицијата се надвор од животна опасност.

„Во просториите на Апелациониот суд во Тирана, за време на судска постапка, граѓанинот Е. Ш., 30 години (странка во процесот) пукаше со огнено оружје кон судијата А. К., и граѓаните Р. К. (65) и Е. К. (45), неговиот син (другата страна во процесот)“, се вели во полициското соопштение.

Надлежните не дадоа детали за мотивот за оружениот напад. Полицијата објави дека го уапсила сторителот на инцидентот.

Повеќе
Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо, Франција
Нападите на нелегалните израелски доселеници достигнаа највисок месечен број жртви за 20 години
Мицкоски: Владата ќе назначи повереници во општините во кои не се избрани градоначалници
Градски воз во Скопје: Побрз, поефикасен и поеколошки транспорт
Во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа шестмина мигранти, четворица се повредени
Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина
МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
Мицкоски: Остануваме посветени на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Протест во Албанија против предлог-законот „За родова еднаквост“: Тој е „антинационален и антисемеен“
Вучиќ: Србија продолжува по својот европски пат, иако нашата позиција не е лесна
Турското МНР изрази сочувство до народот на Босна и Херцеговина по трагедијата во Тузла
Додик и по укинувањето на американските санкции се заканува со отцепување на Република Српска
Најмалку 11 загинати во пожар во Дом за пензионери во Тузла, БиХ
Мицкоски: Ги повторивме нашите позиции, веруваме дека нашата иднина е во ЕУ
Прекината истрагата против Додик за напад врз уставниот поредок
Косово: Глаук Коњуфца нов кандидат за премиер од Движењето Самоопределување
Скопскиот аеродром очекува најголем раст на патници во зимската сезона
ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори
ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг