| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Саем на книгата во Скопје: Над 60 издавачи и повеќе од 130 промоции
Со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“ од 23 до 29 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува 38. Саем на книга, чие отворање годинава се совпаѓа со Светскиот ден на книгата и авторското право.
Саем на книгата во Скопје: Над 60 издавачи и повеќе од 130 промоции
Саем на книгата во Скопје: Над 60 издавачи и повеќе од 130 промоции / Other

Со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“ од 23 до 29 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува 38. Саем на книга, чие отворање годинава се совпаѓа со Светскиот ден на книгата и авторското право.

Во текот на седумте саемски денови организатприте од Скопски саем очекуваат 30 000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови и автори, како и присуство од над 60 издавачки куќи. Најавена е богата програма со специјални попусти и промоции на нови изданија, средби со автори, книжевни панели и интерактивни работилници.

„Саемот на книгата останува еден од најзначајните културни настани, кој ја обединува публиката од целата земја и од странство, ја поттикнува читачката култура и создава простор за поврзување меѓу авторите, издавачите и читателите. Во последните години особено се забележува зголемено присуство на младата генерација, која сè повеќе се враќа кон хартиената форма на книгите и придонесува кон високата посетеност на настанот“, се наведува во соопштението.

Работното време на Саемот на книга е од 10 до 20 часот. Со секоја купена редовна влезница за саемот ќе бидат донирани средства на СОС Детско село.

Саемот на книга и оваа година е поддржан од Министерството за култура и туризам. Саемот е свечено отворен вчера во 13 часот во присуство на неговите организатори и претставници на издавачките куќи, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Саемот, за официјално отворен го прогласи претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“