| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Владата бара од ЕУ да ја одложи примената на новите Шенген правила за македонските превозници
На вчерашната седница на Владата го задолживме Министерството за надворешни работи и надворешна трговија пак да се обрати до ЕУ со барање да се одложат новите правила во врска со системот ЕЕС за влез и излез од ЕУ, рече министерот Николоски
Владата бара од ЕУ да ја одложи примената на новите Шенген правила за македонските превозници
Владата ја поддржува позицијата на Комората на странски инвеститори во Македонија во однос на системот за ЕЕС за влез и излез од ЕУ, рече Николоски / Others

Министерот за транспорт, Александар Николоски, упати апел до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната со цел македонската економија да не трпи удари.

„Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија“, одговори Николоски на пратеничко прашање на собраниската седница.

Тој рече дека Владата го поддржува ставот на Комората на странските инвеститори во Македонија во врска со системот ЕЕС за влез и излез од ЕУ и најави дека по седницата, ќе има состанок со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на оваа тема.

„Се надевам дека еден заеднички притисок ќе даде резултат. Исто така, на вчерашната седница на Владата го задолживме Министерството за надворешни работи и надворешна трговија повторно да се обрати до ЕУ со барање да се одложат овие правила, така што се надевам дека овој проблем ќе се реши затоа што е огромен и затоа што претставува сериозен удар врз економиите од целиот регион на Западен Балкан“, рече Николоски.

Тој истакна дека Владата веќе една година разговара со претставници на Европската Комисија за надминување на овој сериозен проблем, но ЕУ заесега нема слух за надминување на проблемот, не само за Македонија туку и за целиот Западен Балкан.

„Повеќе од една година разговараме со ЕУ, но слабо се разбираме и не наидуваме на разбирање. Последно разговарав во декември во Брисел со еврокомесарот за транспорт Цицикостас и со генералната директорка за мобилнoст и транспорт при Европската Комисија, Магда Копцинска, при што се обидов најпластично да им пренесам дека ова што го прават ќе значи смрт за економијата во регионот и ќе значи затворање на бројни странски инвестиции во регионот, а кои доаѓаат од земји членки на ЕУ. Намерно користам регионот, бидејќи се однесува за цел Западен Балкан и не се однесува само за Македонија. Формалниот одговор кој го даде портпаролот на ЕК за кој не се слагам е дека нема разлика меѓу она што до сега биле правила и новите правила, затоа што според него еден патник може да остане 90 дена во рамки на 180 дена во шенген зоните останува и сега. Формално тоа е точно, но практично не е точно, од причина што превозниците не се туристи, не одат за туризам, ниту се луѓе кои одат на посета, туку се луѓе кои што работат. Истите не можат да извадат работни визи бидејќи немаат работодавач во конкретна земја членка на ЕУ, а најчесто проблемот е тоа што само транзитираат” истакна вицепремиерот.

Тој додаде дека во континуитет одржува средби со бизнис коморите, со транспортните асоцијации и странските инвеститори со цел заедничи да се изнајдат најсоодветни решенија и да апелира до ЕУ за промена на правилата. Владата го задолжила и Министерството за надворешни работи да се обрати до ЕУ за одложување на новите правила за влез.

„Проблемот е подлабок. Ова ќе влијае врз извозните компании. Теротески да го уништиме транспортниот сектор и бизнис во Македонија, не само што директно ќе влијаеме врз транспортот, мислам дека ни ЕУ не се свесни со каков проблем се соочуваме. Имаме уште два проблеми, а тоа е со карго сертификатите и вториот е со квотите со извоз на челик. Не може регионот од Западен Блакан да се третира како трети земји, не може за извоз на челик да сме во иста квота со Кина. Квотите кои сега ќе ги постави ЕУ на кои сериозно работат, веројатно од Кина и Индија ќе ги исполнат во првите два месеци од годината. После тоа ќе има 50 % царина и практично ќе значи нема да има увоз на челик во ЕУ затоа што е неконкурентен и тоа значи дека челичната индустрија ќе колабира. Фени се затвори, со вакви линерани политики на ЕУ можеме да заклучиме само што ќе се случува со големи производители на челик од земјава”, додаде вицепремиерот Николоски.

Најави дека Владата сериозно ќе работи на надминување на овој предизвик со цел стабилизација на транспортниот сектор во земјава и регионот.

Повеќе
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“