Доживотен затвор за импичираниот јужнокорејски претседател Јун
Обвинителите бараа смртна казна поради неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба ноќта на 3 декември 2024 година и да го наруши уставниот поредок
Јужнокорејскиот суд го осуди импичиеаниот претседател Јун Сук Јеол на доживотен затвор за кревање бунт во врска со неговиот обид за воведување воена состојба во декември 2024 година.
Централниот окружен суд во Сеул го осуди Јун за дејствување како „водач на бунтот“ и му изрече доживотен затвор на првото судење.
Обвинителите бараа смртна казна поради неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба ноќта на 3 декември 2024 година и да го наруши уставниот поредок.
Судот, исто така, го осуди поранешниот министер за одбрана Ким Јонг-хјун на 30 години затвор, додека поранешниот командант на разузнавањето Нох Санг-вон доби 18 години затвор за улогата во неуспешното прогласување воена состојба.
Јун беше обвинет во јануари 2025 година за водење бунт по прогласувањето воена состојба во декември 2024 годин