| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта
Со денешното гласање Собранието им даде овластување на Владата и на надлежните институции и во наредниот период да продолжат со координирано управување со состојбата и со примена на мерки за обезбедување сигурно снабдување со енергенти
Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта
Одлуката претходно доби поддршка и од Комисијата за одбрана и безбедност / Others
16 април 2026

Поради продолжените ризици од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, Собранието денеска на пленарна седница го усвои предлогот да се одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Со одлуката, која претходно доби поддршка и од Комисијата за одбрана и безбедност, кризната состојба се продолжува до 20 јули 2026 година, а ќе почне да се применува од 21 април 2026 година, по нејзиното објавување во „Службен весник“.

Во образложението пратениците беа информирани дека продолжувањето на кризата е условено од неповолната меѓународна безбедносна и енергетска состојба по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и сериозните нарушувања во транспортот на сурова нафта, особено преку Ормускиот теснец, кој е еден од клучните светски енергетски коридори.

Според процените на надлежните институции, по нападите извршени кон крајот на февруари годинава и последователното блокирање на поморските патишта, протокот на нафта низ Ормуската Теснина значително е намален, што создава ризик од глобален недостиг и зголемување на цените, со директни последици и врз домашниот пазар.

Владата веќе презема низа мерки за ублажување на последиците од кризната состојба, меѓу кои намалување на данокот на додадена вредност за енергентите и намалување на акцизите за дизелот и за безоловните бензини, со цел заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување стабилно снабдување.

Предлогот за продолжување на кризната состојба беше усогласен со заклучоците на групата за процена на ризици и опасности и на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, кои оценија дека причините за нејзиното прогласување сѐ уште не се надминати.

Со денешното гласање Собранието им даде овластување на Владата и на надлежните институции и во наредниот период да продолжат со координирано управување со состојбата и со примена на мерки за обезбедување сигурно снабдување со енергенти.

Повеќе
Турско-македонските трговски односи и потенцијалот за раст дискутирани на АДФ
Муцунски: Дипломатските напори на Туркије предводени од Ердоган и Фидан од големо значење
Претставници од земјите на Западен Балкан на АДФ: Доверба и поврзаност за обезбедување траен мир
Фидан домаќин на состанокот на Балканската мировна платформа на Дипломатскиот форум во Анталија
Како моќното произраелско лоби продолжува да ги контролира демократите во САД
САД се враќаат во ерата на Втората светска војна и автомобилските компании кои произведуваат оружје
Зошто Ерзурум заслужува место на вашата листа за патувања во Туркије
Дали изборниот пораз на Орбан ќе доведе до драматична промена во Европа?
Фидан повикува на „гаснење на огнот“ на Блискиот Исток и се залага за траен мир
Ердоган: Незаконските напади врз Иран ги зголемија безбедносните ризици во регионот
Еден теснец, глобално влијание: Зошто Ормускиот теснец е толку критичен за светот?
Координирана кампања на Грција за потиснување на турското малцинство во Западна Тракија
Трамп: Израел повеќе нема да го бомбардира Либан, САД го забранија тоа
Ердоган: Да не дозволиме зборовите да бидат заменети со оружје или преговорите со крвав конфликт
Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови