| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
„Страв и надеж“ на МНТ најдобра претстава на 60. МТФ Војдан Чернодрински
Едноставно видовме целокупна претстава, како традиционалист, имам око и уво да видам што е тоа што ме допира и секој член од публиката и затоа го одделуваш од другите, рече за Сенки и надеж претседателката на жирито, Снежана Коневски-Руси
„Страв и надеж“ на МНТ најдобра претстава на 60. МТФ Војдан Чернодрински
Претставата „Страв и надеж“ од германскиот драмски автор Франц Ксавер-Крец е во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат од Белград / Others

„Страв и надеж“ на Македонскиот народен театар, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат е најдобрата претстава на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, одлучи тричленото жири на фестивалот.

Наградата за најдобра режија ја доби Дејан Пројковски за „Црнила“ според Коле Чашуле, на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Од 15-те награди, четири не се доделени. Наградите на лауреатите ќе им бидат врачени вечерва во 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Точно во 20 часот, во нивна чест ќе настапи Београдско драмско позориште со претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ.

Жирито беше во состав: Снежана Коневски Руси, претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ. Не се доделени следните награди: за рекламен материјал, за кореографија и сценски движења, за современа сценска драматизација и адаптација и за современ драмски текст.

„За мене комплетна претстава е „Страв и надеж“. Сите актери се подеднакво влучени во проектот заедно сосе музичарите. Едноставно видовме целокупна претстава. Како традиционалист, имам око и уво да видам што е тоа што ме допира и секој член од публиката и затоа го одделуваш од другите“, рече Коневски-Руси, а Лукиќ додаде:

„Гледавме на компактност на сите сегменти, изборот на текстот, односот на режијата кон елементите на претставата, употребата на сценографијата и костимографијата во контекст на претставата. Претставата на МНТ беше највпечатлива“.

За најдобра главна машка улога е награден Димитар Ѓорѓиевски за ликот на Фезлиев во „Црнила“, додека наградата за главна женска улога ја доби Слаѓана Вујошевиќ за улогата на Констанца во претставата „Амадеус“ на Турскиот театар од Скопје.

Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Јеткин Сезеир за улогата на Амадеус во истоимената претстава, а Сара Спиркоска беше наградена за млада актерка за улогата на Неда во „Црнила“.

Наградите за сценографија и костимографија за претставата „Црнила“ ги добија Валентин Светозарев и Марија Пупучевска. Наградата за музика „Филип Стевановски“ ѝ беше доделена на Ирена Поповиќ-Драговиќ за музиката во „Страв и надеж“.


Повеќе
Холандија официјално се повлекува од Евровизија 2027
Србија: Студентска листа освои 140 мандати или над 52 отсто од гласовите
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Дневни блиц вести 27.10.2026
Јужна Кореја поднесе протест до САД поради изјавите на командантот за меѓукорејската граница
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство
Администрацијата на Трамп повторно ќе го гони поранешниот директор на ФБИ
Напад со дрон остави големи делови од суданската престолнина без струја
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Туркије по хармонизацијата за безбедноста на машините со ЕУ цели на извоз од 10 милијарди
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени
Туркије, Саудиска Арабија, Пакистан и Иран ќе продолжат со разговорите за регионалната безбедност
Ердоган вети дека ќе ги брани поморските права на Туркије, повикува на единство во Либија
Макрон: Владата ќе објави силни мерки за смирување на протестите, следниот викенд сè уште е ризичен
Администрацијата на Трамп ја поддржува идејата Орбан да биде на чело на ОН