| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
СП 2026: Босна и Херцеговина долго водеше, но Канада извлече реми
Босанците дојдоа во водство преку Јово Лукиќ во 21. минута, откако најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник по еден корнер, но Канада изедначи во 78. минута преку Кајл Ларин, кој погоди по фантастичната асистенција на Промис Дејвид
СП 2026: Босна и Херцеговина долго водеше, но Канада извлече реми
Канада и БиХ се во една од најизрамнетите групи, заедно со Швајцарија и Катар / Reuters

Репрезентациите на Канада и Босна и Херцеговина го одиграа првото реми на Светското првенство. Мечот во Торонто заврши без победник, 1:1, резултат од кој веројатно и двете селекции се задоволни.

Босанците дојдоа во водство преку Јово Лукиќ во 21-вата минута, откако најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник по еден корнер.

Иако избраниците на Сергеј Барбарез имаа уште неколку обидоа за втор погодок, на пауза се замина со гол предност за БиХ.

Во второто полувреме многу подинамична игра, која донесе и повеќе возбудувања.

Канаѓаните се обидуваа со сите сили да стигнат до израмнување, а веќе во 53.минута имаа и голема можност. Сепак по ударот на Ричи Лари, со топката последен играше босанскиот капитен Колашинац, а таа заврши во гредата.

Веќе во следната акција на спротивната страна Босанците имаа можност за втор гол, но Демировиќ кој изби сам пред канадскиот голман не се снајде.

Канада статистички беше подобар противник, а тоа го крунисаа со гол во 78-мата минута преку Кајл Ларин, кој знаеше како да погоди по фантастичната асистенција на Промис Дејвид.

Канада и Босна и Херцеговина се во една од најизрамнетите групи, заедно со Швајцарија и Катар, па веројано вечерашниов бод е задоволителен и за двете селекции, а пласманот во нок-аут рундата ќе се брка на следните два меча.

Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран