| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Клековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска
Во моментов 19 лица се хоспитализирани на Клиника за инфективни болести, од кои 17 се потврдени, двајца се непотврдени, извести министерот за здравство Сашо Клековски
Клековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска
Речиси четири пати повеќе мажи отколку жени се хоспитализирани, а сите починати се мажи, изјави министерот

Состојбата заклучно со денешниот ден е дека има 55 вкупно случаи на западнонилска треска, од кои 53 се потврдени, двајца се непотврдени. Од вкупниот број заразени, еден е без хоспитализација, 52 се со хоспитализација. Во моментов 19 лица се хоспитализирани на Клиника за инфективни болести, од кои 17 се потврдени, двајца се непотврдени, извести министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој појасни дека бројките се разликуваат заради различниот временски пресек.

Според статистиката, 11,5% е смртноста досега, просечното лекување трае 14 дена, за тие што лекувањето е завршено, најдолгото лекување било 29 дена, најкраткиот испис е 8 дена.

Врвот на оптовареност на Клиниката е на 12 август, кога имало 24 хоспитализирани случаи. Најмногу хоспитализации имало во периодот од 3 до 24 август. Речиси четири пати повеќе мажи отколку жени се хоспитализирани, а сите починати (шестмина) се мажи.

„Прва хоспитализација била во мај, повеќе недели немало случаи, регистриан е случај крајот на јуни, растот започнува на 13 јули, а на 18 јули Институтот за јавно здравје го издаде извештајот и започнаа да се спроведуваат мерките“, изјави министерот.

Од 24 август има три потврдени, два непотврдени, пет вкупно хоспитализации во последната недела, во споредба со 9 до 11 хоспитализации претходните три недели.

Дополнителна промена на епидемиолошката слика е дека новите случаи се во Скопје Север или Северо-исток.

Министерот информираше дека трета птица, гавран е позитивен на западнонилска треска, пронајден во Карпош, кај Драмски театар. Тој апелираше до граѓаните да не се пријавуваат распаднати птици бидејќи не можат да се извршат тестирања на такви птици, а фокусот да бидат гаврани.

„Ќе се обидеме да се фокусираме на мртвите птици надвор од Скопје, бидејќи во Скопје ја знаеме состојбата“, додаде тој.

Клековски исто така апелираше до сите граѓани во Македонија поревносно да се пристапи на вакцинација против морбили за превенирање можна епидемија.

„Во моментов расте бројот на случаите со морбили во Косово и Бугарија“, рече министерот.

Повеќе
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија
Туркије и Либан ги истражуваат можностите за проширена соработка во секторите на нафта и гас
Русија уништи 37 дронови што летаа кон Москва
Маѓар: Унгарија не поддржува забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
Лавров: Русија ги затвора филијалите на Гете-институтот како одговор на потегот на Германија