| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Епл го преименува Езеро Онтарио во „Езеро Америка“ на мапите за САД
Новото име им се прикажува на корисниците на Епл мапс во САД, додека канадската верзија продолжува да го идентификува ова водено подрачје како Езеро Онтарио, на корисниците од други земји им се прикажуваат двете имиња
Епл го преименува Езеро Онтарио во „Езеро Америка“ на мапите за САД
Епл го преименува езерото по сличната промена што ја направи Гугл по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп

Епл го преименува Езерото Онтарио во „Езеро Америка“ на својата платформа „Мапс“, по сличната промена што ја направи Гугл по наредба на американскиот претседател Доналд Трамp.

Новото име им се прикажува на корисниците на „Епл мапс“ во САД, додека канадската верзија продолжува да го идентификува ова водено подрачје како Езеро Онтарио. На корисниците од други земји им се прикажуваат двете имиња.

Езерото Онтарио е едно од петте Големи Езера во Северна Америка и се наоѓа на границата меѓу сојузната држава Њујорк и канадската провинција Онтарио.

Епл ја направи промената откако Трамп потпиша извршна директива со која се бара преименување на езерото, што дополнително ги заостри односите со Канада во услови на трговскиот спор.

Со директивата на американското Министерство за внатрешни работи му беше наложено во рок од 30 дена да го ажурира името во федералните бази на податоци и официјалните материјали.

Гугл ја воведе истата промена во последните денови, што предизвика значителни критики и дебати на социјалните мрежи.

МапКвест, друга голема платформа за мапи, соопшти дека нема планови да го усвои новото име. Промената веќе е внесена во официјалниот американски систем за географски имиња.

Епл направи слична промена минатата година, кога на барање на Трамп го преименува Мексиканскиот Залив во Американски Залив.

Најновото ажурирање се совпаѓа со преземањето на функцијата главен извршен директор на Епл од страна на Џон Тернус.

Поранешниот извршен директор Тим Кук, кој сега ја извршува функцијата извршен претседател, сепак ќе остане вклучен во работата на компанијата.

Повеќе
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија
Туркије и Либан ги истражуваат можностите за проширена соработка во секторите на нафта и гас
Русија уништи 37 дронови што летаа кон Москва
Маѓар: Унгарија не поддржува забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
Лавров: Русија ги затвора филијалите на Гете-институтот како одговор на потегот на Германија
Земјите од Г20 постигнаа консензус за глобалната политика за технологијата