Туркије нема особен „политички интерес“ од поттикнувањето непријателство со Израел, изјави поранешниот американски амбасадор во Туркије, Френсис Џ. Ричардоне.
Говорејќи во емисијата „This Is America“ на телевизијата Ал Џезира, Ричардоне направи споредба меѓу политичката динамика во Туркије и Израел.
„Не верувам дека (турскиот претседател Реџеп Таип) Ердоган има некаков особен политички интерес од поттикнувањето непријателство со Израел, од непријателскиот однос, од убедувањето на Турците дека имаме непријател и сето тоа“, рече тој.
Ричардоне рече дека Ердоган „искрено не го одобрува“ или се спротивставува на начинот на кој Израел се однесува кон Палестинците, особено во Газа, и дека такви ставови има одамна.
За разлика од тоа, поранешниот дипломат сугерираше дека создавањето впечаток оти Израел е во војна со друга страна би можело да има политичка корист за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Ќе видиме што ќе се случи на изборите што претстојат“, додаде тој, мислејќи на парламентарните избори во Израел, закажани за октомври.




















