| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
Следните мерки би биле за одредени целни групи на граѓани и одредени производи, пред сè, за основните прехранбени производи, а и тие мерки би биле комбинирани и со намалување на ДДВ, но и со ограничување на профитната маржа, рече премиерот
Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
Премиерот рече дека не смее да се носат одлуки под притисок, туку паметно и мудро бидејќи, како што истакна, никој не знае колку долго ќе трае кризата / AA
7 април 2026

Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додава дека внимателно ја анализираат состојбата и очекува на следната владина седница, по велигденските празници, да предложат нови мерки, повеќе таргетирани за одредени целни групи граѓани и за одредени производи.

И тие мерки, како што нагласи, би биле комбинирани и со намалување на данокот на додадена вредност, но и со ограничување на профитната маржа.

„Со корекциите што ги направивме и со овие почетни мерки за намалување на ДДВ-то и можноста да се намали акцизата ние ги преполовивме можностите за двојно поголема инфлација од онаа што се очекуваше и според меѓународни финансиски институции. Па ние врз основа на нашите пресметки очекуваме инфлацијата да се движи меѓу 4,5% и 5% проценти во март. Ќе имаме засилување. Тоа засилување беше видливо во втората половина од март. Ќе правиме анализи и се разбира дека ќе донесеме одлука како и што понатаму ќе правиме“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот повтори дека не смее да се носат одлуки под притисок, туку паметно и мудро бидејќи, како што истакна, никој не знае колку долго ќе трае целата оваа криза.

„Мора да се подготвиме за подолг период, а да бидеме среќни ако заврши побргу“, рече Мицкоски.

Тој најави дека на денешната седница на Владата ќе разговараат за тековни работи, а оти за донесување нови мерки ќе се одлучува по велигденските празници.

„Следните мерки би биле повеќе таргетирани за одредени целни групи на граѓани и одредени производи. Зборувам тука, пред сè, за основните прехранбени производи. И тие мерки би биле комбинирани и со намалување на данокот на додадена вредност, но и со ограничување на профитната маржа. Во оваа насока би се движеле мерките“, рече Мицкоски.

Тој потврди дека законот за нефер трговски практики за зголемување на казните е готов.

„Јас имав состанок со претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Мислам дека прашање на денови е кога тој ќе влезе во владиина процедура“, рече премиерот.

Според извештајот објавен денес од Државниот завод за статистика, годишната инфлација во Северна Македонија се искачи на 4,9% во март од 2,9 % во февруари, што е највисоко ниво за 13 месеци.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемиле за 7,5% на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот за 8,8%, мебелот, апаратите за домаќинство и одржувањето за 5,9%, рекреацијата и културата за 6,1% и образованието за 4,3%, што се забрзувања во споредба со февруари.

Повеќе
Јастреби или гулаби: Кои се клучните преговарачи во разговорите меѓу Иран и САД во Исламабад?
Пет Палестинци загинале во израелските напади, ученичка во трето одделение убиена во училница
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство