| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД за потенцијални инвестиции
Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети, вели Мицкоски
Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД за потенцијални инвестиции
Според Мицкоски, државата има потенцијал, ресурси и стратешка позиција кои можат да бидат основа за продлабочена соработка со САД

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави, вчера имаше средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област.

„Разговаравме за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети“, вели Мицкоски во објавата на неговиот Фејсбук профил.

Тој додава дека „Македонија има потенцијал, ресурси и стратешка позиција кои можат да бидат основа за продлабочена соработка со Соединетите Американски Држави, во интерес на економскиот развој, безбедноста и стабилноста.

Премиерот во понеделникот се обрати и пред престижниот самит „Конкордија“ во Њујорк, кој се одржува паралелно со Генералното собрание на Обединетите нации.

Мицкоски денеска беше на отворање на Генералното собрание на Обединетите нации, каде треба да има свое обраќање.

Повеќе
ЕУ без потврда на договорот за санкции на двајца руски олигарси
Дизелот од денеска поскап, бензините поевтини
Ердоган повикува на реформа на Советот за безбедност на ОН и на укинување на правото на вето
Ердоган: Туркије работи на проширување на соработката со Виетнам
Фидан: САД да го искористат влијанието врз Израел за да ги прекинат дестабилизирачките активности
Ердоган утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации
Данска: Безбедносниот договор за Гренланд ќе го стави Арктикот под надзор на НАТО
Бурханетин Дуран: Турција ќе продолжи со дипломатијата за „поправеден свет“
ЕУ предлага систем за рангирање на потрошувачката на енергија и вода во дата центрите
Медиумски организации ќе ја тужат Белата куќа за одземените акредитации
ЕУ ќе воведе санкции против Русија поради изборите во окупираните делови на Украина
Избори во Русија: Партијата на Путин освои рекорден број пратенички места
Промовирана Стратегијата за дигитално здравство-хроничните пациенти ќе се следат на далечина
Турски и американски бизнис лидери се стремат кон целта за трговска размена од 100 милијарди долари
Трамп ургирал кај Зеленски да ги поштеди руските рафинерии поради цените на горивата