Турските граѓани и активисти од различни националности кои беа на хуманитарната флотила „Сумуд“, која Израел ја заплени во меѓународни води, се очекува денес да се вратат во Туркије со специјален лет, соопштија денеска турските власти.
„Како резултат на нелегалната интервенција на израелските сили против флотилата „Сумуд“ во меѓународни води, нашите граѓани и другите учесници кои беа приведени беа истоварени на Крит“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ончу Кетсели, на социјалната мрежа X.
ПРЕПОРАЧАНО
„Нашиот амбасадор во Атина и конзуларниот персонал се на Крит. Се очекува нашите граѓани и дел од учесниците од други националности да бидат префрлени во Туркије со чартер лет денес“, додаде тој.













