| macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје
Според расположливите информации, западнобалканската турнеја на Фон дер Лајен ќе почне в понеделник и во нејзини рамка таа в среда ќе престојува во Скопје.
Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје
Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје
9 октомври 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги посети земјите од регионот на Западниот Балкан, информира денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.

Пињо нагласи дека повеќе детали за оваа годишна турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, Европската комисија ќе соопшти во текот на утрешниот ден.

Според расположливите информации, западнобалканската турнеја на Фон дер Лајен ќе почне в понеделник и во нејзини рамка таа в среда ќе престојува во Скопје.

Турнејата на Фон дер Лајен се поклопува со втората годишнина од усвојувањето на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, кој, како што нагласи портпаролот на ЕК за проширување Гијом Мерсие ги поставува темелите за подготовка на земјите од регионот за интеграција во единствениот европски пазар и носи директни придобивки за граѓаните.

„Од мај 2024 година, доделените средства за Западниот Балкан преку Планот за раст донесоа конкретни придобивки за партнерите во регионот и за граѓаните, а сега напредуваме во нивната исплата и во спроведување на договорените реформски агенди“, рече Мерсие.

Тој потсети дека досега се одобрени реформските агенди на пет од земјите од регионот, а во тек е разгледување и на реформската агенда на Босна и Херцеговина која била доставена до Европската комисија минатата недела, како и дека четири од партнерите веќе добиле средства за претфинансирање.

„Во иднина навистина треба да видиме реформи во пракса. Ова е инструмент базиран на постигнување, па затоа треба да видиме имплементација и продолжување на напорите во тој правец, а ние ќе продолжиме да ги поддржуваме партнерите за да ги завршат своите задачи“, додаде Мерсие.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Шефот на германската дипломатија: Албанија одлучна да го продолжи нејзиниот пат кон ЕУ
Европскиот комесар за одбрана: Украинската армија би можела да ја штити источната граница на ЕУ
Песков: Москва се надева дека средбата Путин-Трамп ќе се одржи штом ќе се исполнат условите
Мерц: ЕУ мора да се трансформира во европска одбранбена унија
Германија очекува континуирани реформи во Црна Гора за понатамошен напредок кон ЕУ
Зеленски и Макрон потпишаа „историски договор“ за зајакнување на Украина
Поранешната премиерка на Бангладеш осудена на смртна казна за злосторства против човештвото
Трамп: Можни се разговори на САД со Мадуро
Ванг Ји го пречекува сирискиот министер за надворешни работи, ал-Шаибани во Пекинг
Хуманитарната флотила Сумуд против запленување на бродовите од страна на Израел
Германскиот канцелар Мерц повика на поблиски односи меѓу ЕУ и Туркије
Санкции за стабилност: Што значи за врските со САД посетата на сирискиот претседател на Вашингтон
Натпреварот меѓу САД и Кина не е само борба за моќ, туку судир на општества
Сијарто: Ќе ставиме вето на предложените царини на феролегури во ЕУ
САД означи четири групи во Европа како терористички
Најмалку четворица загинати во рускиот напад врз Киев
Би-Би-Си му се извини на Трамп за монтирање на говорот, но ја отфрла тужбата за клевета
Американскиот секретар за одбрана лично постави табла „Министерство за војна“ на влезот на Пентагон
Полска ќе остане надвор од системот за релокација на мигранти на ЕУ додека прима Украинци
Судан го поздрави повикот на САД за запирање на протокот на оружје за паравоената РСФ