| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Aлбанезе: Израелското чистење на урнатините во Газа може да ги избрише доказите за злосторствата
Тековното дробење и преместување на урнатините во Газа не смее да ги уништи доказите за меѓународни злосторства или да спречи пронаоѓање и идентификација на човечки останки во опколената енклава, истакна специјалната известувачка на ОН
Aлбанезе: Израелското чистење на урнатините во Газа може да ги избрише доказите за злосторствата
Палестинските власти проценуваат дека повеќе од 10.000 луѓе се закопани под урнатините

Масовното отстранување на урнатините во областите на Газа под израелска воена контрола би можело да ги избрише доказите за свирепи злосторства и да го попречи пронаоѓањето на човечки останки, предупреди денес специјалната известувачка на ОН за окупираната палестинска територија, Франческа Албанезе.

„Тековното отстранување, дробење и преместување на урнатините во Газа не смее да ги уништи доказите за меѓународни злосторства или да спречи пронаоѓање и идентификација на човечки останки во опколената енклава“, истакна Албанезе.

Таа нагласи дека урнатините во Газа содржат човечки останки и физички докази релевантни за истрагите за меѓународни злосторства, вклучително и геноцид.

Палестинските власти проценуваат дека повеќе од 10.000 луѓе се закопани под урнатините.

Албанезе рече дека пронаоѓањето и идентификацијата на човечките останки, систематското документирање и зачувувањето на потенцијалните докази треба да се случат пред да се преместат или иситнат урнатините, повикувајќи ги меѓународните кривични истражители да го надгледуваат собирањето докази.

Таа, исто така, ги предупреди државите и компаниите вклучени во отстранувањето на урнатините дека уништувањето на доказите за меѓународни злосторства може да ги изложи на меѓународна кривична одговорност.

„Секое отстранување мора да се случи во контекст на план осмислен од Палестинците и поддржан од чинители кои ја имаат довербата на Палестинците“, рече Албанезе.

„Уништувањето на доказите за свирепи злосторства е нелегално“, додаде таа, тврдејќи дека обновата на Газа не смее да биде „условена со бришење на нејзиното минато и доказите потребни за обезбедување правда за нејзините жртви“.

Повеќе
Воениот злосторник Ратко Младиќ погребан со воени почести во Белград
Потпишан Меморандум за институционална соработка со Катар во областа на трудот
Потпишан договор за распоредување косовски војници во Газа
Мерц: Најпогубен изборен пораз за ЦДУ, ќе има последици
Туркије ќе соработува со данска компанија за употреба на ториумот во нуклеарната технологија
Aлбанезе: Израелското чистење на урнатините во Газа може да ги избрише доказите за злосторствата
Кремљ ја нарече средбата на Путин со американските претставници „мал чекор кон мир“
Поскапуваат и дизелот и бензиите
ЕУ ја осудува „глорификацијата“ на починатиот воен злосторник Младиќ
Русија и Северна Кореја го отворија првиот патен мост преку реката Тумен
Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко предупредување за свлечиште за островот Ниџима
Студија: Израел изгуби 1.370 лекари за три години поради интензивирањето на одливот на мозоци
Иран ја предупредува Јужна Кореја за „сериозни последици“ поради воената улога во Ормускиот теснец
АФД слави историска победа на изборите во Саксонија-Анхалт
Осма жртва од западнонилска треска