| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Песков: Француското запленување на танкерот Тагор е нелегално, се граничи со пиратство
Француските власти денес објавија дека француската морнарица го запленила танкерот Тагор во Атлантскиот Океан затоа што наводно отпловил од Мурманск под лажно знаме
Песков: Француското запленување на танкерот Тагор е нелегално, се граничи со пиратство
Руската амбасада во Париз објави дека Франција не ја информирала Русија дека ќе преземе какви било мерки против овој танкер / Reuters

Русија смета дека одлуката на Франција да го заплени танкерот Тагор е нелегална и се граничи со чин на пиратство, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Француските власти денес објавија дека француската морнарица го запленила танкерот Тагор во Атлантскиот Океан затоа што наводно отпловил од Мурманск под лажно знаме, пренесува РИА Новости.

Руската амбасада во Париз објави дека Франција не ја информирала Русија дека ќе преземе какви било мерки против овој танкер.

Во меѓувреме, руската дипломатска мисија потврди дека капетанот на танкерот очигледно е руски државјанин.

„Ние ги сметаме ваквите дејствија за нелегални. Тие се граничат со чин на меѓународно пиратство“, рече Песков во разговор со новинарите.

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди претходно денес дека француската морнарица се качила на нафтениот танкер Тагор, кој отпловил од Русија под меѓународни санкции.

Според него, „неприфатливо е бродовите да ги избегнуваат меѓународните санкции, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години“.

Повеќе
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави
Српски војник, дел од мировните сили во Либан, загина во експлозија на проектил
Американски војник загина при инцидент на обука во Ирак
Арагчи: Нападите ќе продолжат врз локации „кои се користат“ во нападите врз Иран
Лекорну: Израел мора да ја прекине „нелегалната окупација“ на либанската територија
Германија гледа „прозорец за разговори“ со Русија за завршување на војната во Украина
Трамп: Да не бев јас, сега немаше да постои Израел
НАТО ќе започне намалени вежби во Балтичкото Море во услови на конкурентски воени распоредувања