| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Поранешната премиерка на Бангладеш осудена на смртна казна за злосторства против човештвото
Според обвинението, Шеик Хасина наредила смртоносна репресија против востанието предводено од студенти кое ја собори од власта, при што околу 1.400 луѓе биле убиени во репресиите додека премиерката се обидувала да ја задржи власта
Поранешната премиерка на Бангладеш осудена на смртна казна за злосторства против човештвото
На Хасина ѝ беше судено во отсуство откако избега од земјата во Индија во август минатата година, каде живее во егзил под заштита на индиските власти / Reuters
17 ноември 2025

Соборената премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина (78), е осудена на смрт од судот во Дака за злосторства против човештвото извршени за време на бруталното задушување на студентското востание минатата година.

Тричлена комисија на Меѓународниот кривичен трибунал ја прогласи за виновна за поттикнување насилство, нарачување убиства и неспречување на злосторствата што се случиле додека таа го надгледувала сузбивањето на антивладините демонстранти.

Хасина ги негираше сите обвинувања, тврдејќи дека станува збор за политички мотивирана фарса.

За време на повеќемесечното судење, на Хасина ѝ беше судено во отсуство.

Откако избега од земјата во август минатата година, таа живее во егзил под заштита на индиските власти, кои ги отфрлија барањата на Дака за нејзина екстрадиција.

Хасина ги отфрли судските наредби да се врати од Индија за да присуствува на нејзиното судење за тоа дали наредила смртоносна репресија против востанието предводено од студенти кое ја собори од власт.

Долгоочекуваната пресуда, која беше емитувана во живо на националната телевизија, доаѓа пред првите избори по нејзиното соборување во август 2024 година.

„Сите... елементи што претставуваат злосторства против човештвото се исполнети“, прочита судијата Голам Мортуза Мозумдер пред преполниот суд во Дака.

Хасина е „прогласена за виновна по три точки“, вклучувајќи поттикнување, наредба за убиство и недејствување за спречување на злосторствата, рече Мозумдер.

„Одлучивме да ѝ изречеме само една казна - односно смртна казна.“

Поранешниот министер за внатрешни работи Асадузаман Кан Камал, исто така во бегство, е осуден на смрт, откако беше прогласен за виновен по четири точки од обвинението за злосторства против човештвото.

Поранешниот началник на полицијата Чоудури Абдула Ал-Мамун, кој беше присутен на судењето и се изјасни за виновен, беше осуден на пет години затвор.

Обединетите нации велат дека до 1.400 луѓе биле убиени во репресиите додека Хасина се обидувала да ја задржи власта, смртни случаи кои беа централни за нејзиното судење.

Главниот обвинител Таџул Ислам, зборувајќи пред пресудата, рече дека се надевал дека „жедта на народот за правда ќе биде исполнета и дека оваа пресуда ќе означи крај на злосторствата против човештвото“.

Шеих Хасина во понеделник ја нарече пресудата „пристрасна и политички мотивирана“.

„Пресудите објавени против мене се донесени од наместен трибунал формиран и претседаван од неизбрана влада без демократски мандат. Не се плашам да се соочам со моите обвинители на соодветен трибунал каде што доказите можат да се измерат и тестираат праведно“, рече Хасина во соопштение.

Петнаесетте години на власт на Хасина многумина во Бангладеш ги паметат како период на страв, обележан со обвинувања за корупција, тортура и присилни исчезнувања документирани од ОН и организациите за човекови права.

Судењето на Хасина беше едно од клучните ветувања на привремената влада предводена од нобеловецот Мохамед Јунус, човекот кого водачите на протестите го поставија за шеф на државата минатата година.

Тој го назначи Мохамед Таџул Ислам за главен обвинител задолжен за водење на случајот што го сослуша Меѓународниот кривичен суд во Дака.

.

Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина