| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Мишустин – Џинпинг во Пекинг разговараа за инвестициите и заедничките проекти на Русија и Кина
Важно е да се продолжи со создавање поволни услови за привлекување меѓусебни инвестиции и поддршка на нашите заеднички проекти“, рече Мишустин. Џинпинг нагласи дека кинеско-руските односи постојано напредуваат
Мишустин – Џинпинг во Пекинг разговараа за инвестициите и заедничките проекти на Русија и Кина
China Russia / AP

Рускиот премиер Михаил Мишустин се сретна во Пекинг со кинескиот претседател Си Џинпинг, со кого разговараше за развојот на меѓусебните инвестиции и зајакнувањето на заедничките проекти меѓу двете земји.

„Важно е да се продолжи со создавање поволни услови за привлекување меѓусебни инвестиции и поддршка на нашите заеднички проекти“, рече Мишустин, нагласувајќи дека руската влада ги спроведува одлуките донесени на највисоко ниво на соработка, објави РИА Новости.

Тој потсети дека еден ден претходно, во Хангжу се одржа 30-тиот редовен состанок на шефовите на влади на Русија и Кина, каде што беа дефинирани нови цели во областа на трговската, економската, научната и технолошката соработка.

Рускиот премиер, исто така, ја нагласи важноста на културната и хуманитарната соработка меѓу двете земји, истакнувајќи дека односите меѓу Русија и Кина се темелат на „традиции на пријателство и меѓусебно сочувство“.

Тој изрази очекување дека претстојните образовни програми ќе бидат богати и значајни.

Мишустин, исто така, ги пренесе поздравите на рускиот претседател Владимир Путин.

Си Џинпинг го пофали придонесот на рускиот премиер за подобрување на билатералната соработка и го нарече „добар пријател на кинескиот народ“.

Кинескиот претседател нагласи дека, и покрај сложените меѓународни околности, кинеско-руските односи постојано напредуваат и се развиваат „на високо ниво и со висок квалитет“.

„Претседателот Путин и јас се сретнавме двапати оваа година и поставивме нови планови и насоки за понатамошен развој на односите. Високото ниво на меѓусебна доверба и блиските контакти меѓу нашите земји се клучна гаранција за одржлив развој на стратешкото партнерство“, рече Си Џинпинг.

Тој изрази надеж дека Мишустин ќе продолжи да одржува тесна координација и да ги спроведува договорите постигнати со Путин, така што соработката меѓу двете земји ќе придонесе за глобалниот развој.

Мишустин е во дводневна посета на Кина.

За време на средбата со кинескиот премиер Ли Чијанг во Хангжу беа потпишани неколку билатерални договори.

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток