| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Муцунски: Мораме да најдеме решение со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
„Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, да имаме активен дијалог, но во рамки на нашите принципиелни позиции. Не смееме да дозволиме да продолжиме да бидеме заложници на билатерални процеси.“
Муцунски: Мораме да најдеме решение со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
Муцунски: Мораме да најдеме решение со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции / Other
27 февруари 2026

Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, да имаме активен дијалог, но во рамки на нашите принципиелни позиции. Не смееме да дозволиме да продолжиме да бидеме заложници на билатерални процеси, тоа не е фер кон оваа држава, тоа нашите граѓани и нашите институции не го заслужуваат и затоа, треба да се најде некое рационално решение кое нам како држава и на нашиот народ ќе ни даде предвидливост по европскиот пат кој без никаква дилема огромно мнозинство во земјава го посакува, рече вчера министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

Како што истакна Муцунски, во Бугарија течат изборните дејства поради што треба многу да се внимава. Тој веќе се слушнал со новата министерка за надворешни работи, која има технички мандат и очекува при прва можност да оствари средба со неа.

„Нашата држава мора да продолжи во рамки на стратешката определба што постои. Ние сме земја членка на НАТО, земја што мора да ја оствари својата цел, а тоа е полноправно членство во Европската Унија и земја што има стратешко партнерство со САД. По однос на прашањето за Европската Унија, ние го немаме тој луксуз да кажеме - престануваме во било кој момент. Напротив, мораме прво фокусирано да работиме на домашната агенда, каде што морам да истакнам дека споредбено со најголем дел од земјите во регионот, си ја завршуваме својата работа, но имаме уште предизвици пред нас, без никаква дилема. И испорачуваме резултати. И посебно е тоа видливо по однос на резултатите од реформската агенда во последните неколку месеци. И мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија. Е сега, тоа и мораме и можеме да го гледаме низ два аспекта. Прво, ние имаме принципиелни позиции што сме ги претставиле и пред земјите членки и пред соседна Бугарија. Но, мораме да имаме активен дијалог со нашиот сосед, да зборуваме за она што нè загрижува и да зборуваме каков е патот кон решение. Пред неколку дена, видовте, имаше соопштение од нашите институции, се слушнав со новата министерка за надворешни работи, која има технички мандат, но сепак е министер за надворешни работи. Очекувам во следниот период да дискутираме, при прва можност да оствариме една средба, да дискутираме што е она што можеме да го направиме во следниот период во рамките на техничкиот мандат. И паралелно да бидеме максимално внимателни. Како што напомена Гордан, во Бугарија во моментот течат изборни дејствија. И сè што ние ќе кажеме, може многу лесно да стане дел од изборниот наратив во Бугарија. И сето тоа на крајот, да ги влоши нашите позиции при евентуални разговори со нашиот сосед“, рече Муцунски на заедничката прес-конференција со Радман.

Осврнувајќи се на односите со Хрватска, го повтори она што претходно го кажа Радман - дека двете земји имаат одлични, пријателски односи и соработка во сите сфери, без ниту едно отворено шрашање.

Во моментов, информира Муцунски, течат разговори за затворање процес на создавање страешко партнерство.

„Ние сме пример за добра билатерална соработка која постојано се надградува. Очекуваме во следниот период да сме блиску до договор за стратешко партнерство во повеќе области - економијата, трговијата, безбедносната и политичката соработка, енергетиката. Во делот на европските интеграции, Хрватска ја вбројувам во земјите кои се наши принципиелни поддржувачи. Има многу што поддржуваат, но помалку што принципиелно подржуваат. На Хрватска треба да гледаме како на наш ментор во евроинтергативниот процес и од политичка, но и од техничка гледна точка, зашто и имаме многу активни проекти кои јавноста не секогаш ги гледа, а ни помагаат на европскиот пат“, подвлече Муцунски кој е домаќин на хрватската делегација, предводена од министерот Радман.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Повиците за суспензија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел добиваат на интензитет
Претседателот на турскиот парламент повикува на суспензија на Израел од Обединетите нации
Воениот злосторник Ратко Младиќ претрпел мозочен удар во затворот во Хаг
Министерот Зукорлиќ во официјална посета на Северна Македонија
Кина ги отфрли заканите на САД за секундарни санкции за иранската нафта
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Левица ја обвини Владата на Мерц дека ја подгрева војната во Иран
НАСА: Астероидот „Бог на хаосот“ ќе помине во близина на Земјата за 3 години
Трамп: Лидерите на Израел и Либан ќе одржат разговори
Бродови поврзани со Иран пловат по нови рути по блокадата на САД
Најмалку 2 загинати, 18 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Средба на европските градоначалници во Скопје
Ердоган упати сочувство по смртоносната пукотница во училиштето во Кахраманмараш на југот од Туркије
Белата куќа: Следната рунда преговори меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржи во Исламабад
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ